СТОП ЗА ГОЛОМРАЗИЦА: 180 тони сол фрлени на улиците во Скопје
Објавено во: Македонија 05 Јануари, 2016
За спрелување на голомразица и поради ледениот дожд на улиците и булеварите во главниот град екипи на зимската служба фрлиле 185 тони сол.
Интервенирано е на критичните точки, поточно на мостовите, клучките, надвозниците, подвозниците и
високите зони кон Водно, Пржино, Железара, како и на сите други таканаречени „црни точки“ во градот.
На возачите им се препорачува внимателно возење со прилагодена брзина на коловозите со цел спречување на незгоди.
Исто така од град Скопје упатија апел до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти.