15 Јануари, 2025
0.0290

ЗА ВОДИЦИ СЕ ЈАДАТ ПИВТИИ: Кој ги готви, а кој си купува?

Објавено во: Македонија 15 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

За празникот Водици кој се одбележува за неколку дена, верниците јадат пивтии, но нив, постарите обично сами си ги прават, а помладите во поново време си купуваат.

Луѓето кои живеат на село и поседуваат месо од сопствено производство, самите си прават пивтии. Помладите доколку живеат во згради каде нема услови за правење на пивтии кои се варат неколку часа, немаат време или пак не знаат како да го подготват овој специјалитет, си купуваат. Велат важно е да имаат барем две порции ако не повеќе, за да го одбележат празникот.

Има луѓе што прават, но и луѓе што си купуваат. До лани јас си правев, но оваа година ќе си купам од ресторан. Во зграда на тераса ако вариме пивтии, ќе пречиме на соседите. Сме имале по 9 или 13 чинии питиви, но сега за адет, ќе си купиме“, објаснува Јулијана Костадиновска, граѓанка.

Друга жена вели дека самата си подготвува пивтии, затоа што смета дека така се повкусни и поквалитетни.

„Домашното си е домашно. Си купувам коленици, сè што треба и си готвам пивтии. Најмалку 12 чинии со пивтии имаме за празникот, а даваме и на децата. Младите одат на работа, немаат време, зафатени се, а некои и не знаат како да ги направат“, рече Калинка Крстиќ, граѓанка.

Искусните домаќинки веќе ја имаат совладано техниката на подготовка на пивтии и кај нив нема промашување.

„Јас си живеам на село, имаме месо, си правиме по 11 чинии, и даваме и на децата, иако и снаите знаат да прават пивтии“, додава Мирјана Стошевска, граѓанка.

Од месарниците објаснуваат дека верниците веќе купуваат буткици за да си направат пивтии, а некои купуваат и готови пивтии.

„Почнаа да купуваат буткици за празникот. Но, имаме муштерии и млади и стари кои купуваат готови пивтии, по една – две порции. Една порција пивтии на попуст чини 130 денари“, велат од скопска месарница.

Во други месарници во главниот град, порција пивтии чини 140 или 150 денари.

„Луѓето обично земаат по една буткица за пивтии, а цената е од 300 до 350 денари за килограм. Купуваат и готови пивтии. Кај нас пивтии од 500 грама чинат 120 денари и обично купувачите земаат по 2-3 порции“, додаваат од друга скопска месарница.

За разлика од претходните години, месарите велат дека сега имаат помалку работа. Според нив, причина зошто состојбата е таква е намалената куповна моќ на граѓаните. Некои луѓе поради здравствени проблеми се воздржуваат од консумирање на пивтии или јадат сосема малку. Пивтиите кај нас генерално се прават од свински нозе, затоа што тие се најдостапни на пазарот, а дел од населението, поретко прави и говедски пивтии.

Сања Атанасовска

фото принтскрин јутјуб

Можеби ќе ве интересира

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира

ТОШКОВСКИ СЕ НАЛУТИ: Може за Македонците да збориме? Еднаш во својот говор не спомнавте Македонци, или Срби, или Турци.....

ТОШКОВСКИ СЕ НАЛУТИ: Може за Македонците да збориме? Еднаш во својот говор не спомнавте Македонци, или Срби, или Турци.....

„СИТЕ СМЕ ВО ШОК ДЕКА ЈОВИЌ ВО РАНИТЕ УТРИНСКИ ЧАСОВИ ГО ЗАГУБИЛ ЖИВОТОТ“: Почина поранешниот ракометен репрезентативец Александар Јовиќ

„СИТЕ СМЕ ВО ШОК ДЕКА ЈОВИЌ ВО РАНИТЕ УТРИНСКИ ЧАСОВИ ГО ЗАГУБИЛ ЖИВОТОТ“: Почина поранешниот ракометен репрезентативец Александар Јовиќ

ПРОМЕНА НА УСТАВОТ АКО САКАМЕ ВЛЕЗ ВО ЕУ: Еве што вели еврокомесарката Кос

ПРОМЕНА НА УСТАВОТ АКО САКАМЕ ВЛЕЗ ВО ЕУ: Еве што вели еврокомесарката Кос

Левица: Скандалозните и неделовнички изјави на Гаши, ја ставаат партијата на Мицкоски со 58 пратеници во потчинета положба

Левица: Скандалозните и неделовнички изјави на Гаши, ја ставаат партијата на Мицкоски со 58 пратеници во потчинета положба

НАЈЧЕСТИ СЕ СКРШЕНИЦИТЕ НА КОЛКОТ И НА РАЧНИОТ ЗГЛОБ: Проф. д-р Камнар за сериозните повреди на подмрзнати површини

НАЈЧЕСТИ СЕ СКРШЕНИЦИТЕ НА КОЛКОТ И НА РАЧНИОТ ЗГЛОБ: Проф. д-р Камнар за сериозните повреди на подмрзнати површини

ПОРАСТ НА БОЛНИТЕ ОД ГРИП, НАСТИНКИ, КОВИД Е ОЧЕКУВАН, ЗА ЗАГАДЕНИОТ ВОЗДУХ НЕ НИ ПРАШУВАЈТЕ, КАЈ СЕКОЈ ПАЦИЕНТ ГО ПРОЛОНГИРА ОЗДРАВУВАЊЕТО: Д-р Трајковски со став

ПОРАСТ НА БОЛНИТЕ ОД ГРИП, НАСТИНКИ, КОВИД Е ОЧЕКУВАН, ЗА ЗАГАДЕНИОТ ВОЗДУХ НЕ НИ ПРАШУВАЈТЕ, КАЈ СЕКОЈ ПАЦИЕНТ ГО ПРОЛОНГИРА ОЗДРАВУВАЊЕТО: Д-р Трајковски со став

ЈАС ГИ ДОНЕСОВ ГРУБИ И ОСМАНИ ВО ДУИ, НО НЕ БАРАВ ДА БИДАТ ПОГОЛЕМИ ОД ПАПАТА: Меџити распали за неговите некогашни сопартијци

ЈАС ГИ ДОНЕСОВ ГРУБИ И ОСМАНИ ВО ДУИ, НО НЕ БАРАВ ДА БИДАТ ПОГОЛЕМИ ОД ПАПАТА: Меџити распали за неговите некогашни сопартијци