Стопанска банка а.д Битола донира бензински агрегати, кофи, лопати … за поплавените региони
Објавено во: Мои пари, Македонија 15 Август, 2016 13:55
По повод силното невреме кое во изминатиот период кое го зафати Скопје, и предизвика поплави и големи штети на населените региони околу Скопје, Стопанска банка а.д Битола организираше акција за помош на настраданите.
Во консултација со лица од општина Гази Баба, задолжени за прием на донации за настраданите од поплавите, Банката донираше два бензински агрегати, кофи, лопати, гумени чизми и средства за лична хигиена и дезинфекција. Помошта е распределена во загрозените региони.
„Се надеваме дека нашата донација ќе допринесе за олеснување на животот на граѓаните во погодените подрачја и што побрзо санирање на последниците од оваа временска непогода. Во овој период секој од нас треба да помогне, најдобро што знае и може. Грижата за нашето општество и хуманоста, остануваат врвни приоритети на Стопанска банка а.д Битола“, порачаа од оваа банка.
Можеби ќе ве интересира
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка




