19 Мај, 2024
0.0279

Стопанска банка АД – Скопје поставува регионални стандарди за заштита на клиентите при e-commerce трансакции

Објавено во: Мои пари 04 Јуни, 2014

Добивај вести на Viber

Банката стана прв корисник на напредниот информациски производ од VISA кој нуди моќна превенција од злоупотреба при online плаќања и минимизирање на пречки во e-commerce трансакциите.

Стопанска банка АД – Скопје стана прв корисник во целиот CEMEA регион (Central Europe Middle East and Africa) на напредниот информациски производ од VISA кој им помага на корисниците да ги намалат ризиците од злоупотреба при e-commerce трансакции користејќи анализа на ризик во реално време. Сервисот е наречен VCAS (Visa Consumer Authentication Service) и е дизајниран за беспрекорна поддршка на 3D Secure (three domain secure) програмaтa како што е Verified by VISA или MasterCard Secure Code. Овој сервис е достапен единствено и бесплатно за сите VISA и MasterCard платежни картички од Стопанска банка АД - Скопје.

VCAS го потврдува идентитетот на клиентот пред процесот на авторизација, додавајќи моќно ниво на заштита против злоупотреба. Како што клиентот го започнува процесот на плаќање, решението прави проценка на ризикот во реално време базиран на бројни параметри вклучувајќи ги информациите за трансакцијата, типот на уредот како и историските навики на трошење. Крајниот резултат е дека Банката издавач на картичката ќе може да реализира e-commerce трансакции со намален ризик без притоа да налага од клиентот секоја трансакција да биде авторизирана со лозинка или слично. Решението ги намалува причините за прекин или откажување во процесот на плаќање од страна на клиентот, додека во исто време им помага на трговците и издавачите на картички да ги намалат загубите од евентуални измами.

Инспиративно е да се види Банка толку посветена на своите клиенти, што е подготвена да направи екстра напори и да имплементира нова технологија која ќе обезбеди дополнително ниво на заштита на интернет трансакциите за клиентите“, изјави Катажена Сошин, Регионален менаџер CIS&SEE, од VISA при нејзината посета на Стопанска банка АД - Скопје. „VCAS ќе и помогне на Стопанска банка да го намали ризикот од e-commerce злоупотреби користејќи анализа на ризикот во реално време. Ова решение е уште еден пример за тоа како ние ги користиме комплексните сознанија, кои VISA при процесирање на трансакциите ги собира, со цел да создадеме дополнителна вредност за трговците и нашите партнери финансиски институции. Бидејќи решението само ги известува клиентите при најризичните трансакции, повеќето клиенти ќе имаат брза и лесна автентикација на плаќања користејќи го Verified by Visa

Со овој новитет, нашите клиенти имаат повеќе од само картичка во своите паричници, имаат клуч до e-commerce трансакции ширум светот, достапен 24/7. Корисниците на картички од Стопанска банка се први во земјава и пошироко да уживаат во највисокото ниво на заштита при online плаќања и за истото немаат дополнителни трошоци ниту мораат да направат екстра напор за да го добијат. Горди сме што продолжуваме да поставуваме стандарди за најдобро банкарско работење и нашиот тим останува целосно посветен на нашите клиенти благодарение на современата технологија која ни е секојдневно подостапна“, изјави Диомидис Николетопулос, Генерален извршен директор и Претседател на УО на Стопанска банка АД - Скопје.

VCAS е сервер со контролиран пристап кој на издавачите на картички им ги нуди следните можности:

Софистицирана автентикација базирана на анализа на ризик. VCAS моделот за евалуација на ризикот ги зема во предвид напредните инпути вклучувајќи ги тука критични информации за уредот, податоците за трансакцијата како и навиките за трошење. Овие податоци ја зајакнуваат можноста на банката издавач да донесе одлука за потенцијалниот ризикот од злоупотреба и да побара дополнителна верификација кога е потребно

Динамички методи за автентикација. VCAS поддржува широка палета на методи за автентикација на клиентот. Ова значи дека поризичните трансакции може да бидат верифицирани од издавачот на повеќе начини вклучувајќи и побезбедни, динамични методи како што се OTP или хардверски токени.

Поддршка за мобилни уреди. VCAS може да биде интегриран да функционира и за палета на уреди вклучувајќи мобилни и таблет компјутери, со цел да обезбеди за клиентите безбедно, ефикасно и доверливо искуство при купување преку други канали освен преку компјутер.

Правила за стратегии за подобрување. VCAS им нудат на издавачите на картички алатка да пишуваат дополнителни правила кои ќе ги подобрат капацитетите за подобра анализа на ризикот.

Можеби ќе ве интересира

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата