19 Декември, 2025
0.0407

Стопанска Банка и Техномаркет со нови поволности во чест на месецот на жената

Објавено во: Мои пари 02 Март, 2015 11:46

Добивај вести на Viber

Од почетокот на март, продолжува да се продлабочува веќе успешната соработка меѓу Техномаркет и Стопанска банка АД - Скопје, чија што цел е да им овозможи на потрошувачите можност за купување на различни производи, на рати, без камата, а наскоро и можност производите да ги купуваат преку интернет, користејќи го e-commerce сервисот на Стопанска банка.

stopanska i tehno market 1

Акцијата за купување до 36 рати без камата е посветена на месецот на жената, а на купувачите ќе им се даде можност да изберат и купат неколку IT производи и мали предмети за домаќинство. Воедно, Техномаркет  наскоро започнува и e-commerce соработка со Стопанска банка АД – Скопје, овозможувајќи им на клиентите купувања преку интернет.

stopanska i tehno market 2

„Се стремиме во целост да ги следиме барањата и очекувањата на потрошувачите, правиме напори да им овозможиме поголема достапност на производите од светски реномираните брендови и во исто време им ја нудиме и онаа додадена вредност во однос на стандардната понуда. Токму на тоа се должи и повторната, а во исто време проверена соработка со Стопанска банка. На потрошувачите овој пат им нудиме голем избор на производи достапни за купување и до 36 рати, без камата. Се надеваме дека задоволството и бенефициите од ваквата соработка, ќе ги почувствуваат и нашите купувачи“ – изјави Марија Ристовска, маркетинг менаџер во Техномаркет.

stopanska i tehno market

Овој пат, новитет претставува временскиот период на траење на соработката, што ќе ја опфати тековната година, а тоа значи дека секој месец ќе се презентираат различни понуди, акции, бенефиции и поволности при плаќањето.

Можеби ќе ве интересира

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка