18 Декември, 2025
0.0393

СТОПАНСКА БАНКА Каматите го растат профитот!

Објавено во: Економија 28 Мај, 2016 10:04

Добивај вести на Viber

„Стопанска банка Скопје“ во првиот квартал годинава има најголема добивка во банкарската конкуренција - 6 милиони евра. Изненадувачки е тоа што „Стопанска банка Скопје“ сама има поголема добивка од другите две големи банки. (може да се види во табелата подолу) Билансот на „Стопанска банка Скопје“ покажува дека нето приходот од камати за првите три месеци изнесува 878,17 милиони денари и е за речиси 55 милиони денари поголем од приходот по истиот основ лани. Банката добро држи и кај втората по големина приходна ставка – нето приходот од надоместоци и провизии и тој изнесува 228 милиони денари и дури бележи минимален раст. Од расходната страна на билансот евидентно е дека банката ја засилила кредитната активност затоа што го зголемила и износот на резервирани средства кои мора да ги чува заради ризик од лоши пласмани. Износот на резервациите во првиот квартала годинава е 124 милиони денари наспрема 85,3 милиони денари кои ги имала во истиот период лани. Значаен раст, а процентуално највисок, на трошоци банката има кај ставката расходи за вработените. Тука трошокот пораснал до износ од 193,56 милиони денари што е за 14 милиони денари повеќе од првиот квартал лани. begpbghjdoe

Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје