17 Декември, 2025
0.1005

Стопанска банка секој месец издвојува по милион евра за своите вработени

Објавено во: Економија 30 Јули, 2013 15:32

Добивај вести на Viber

Стопанска банка АД Скопје, во првите шест месеци од годинава, остварила профит од 8 милиони евра, покажуваат неревидираните биланси кои банката ги објави денеска. Во споредба со истиот период лани, нето добивката на банката, годинава, е поголема за речиси 2 милиони евра. Голема е и разликата прикажана преку добивката по акција, прикажана во билансот на банката. Годинава, за првите шест месеци, секоја акција од банката на нејзиниот сопственик му носи новосоздадена вредност од 28,4 денари, што е дури 6,4 денари односно, 29 отсто повеќе од истиот период лани. Најголемиот нето приход банката го направила од каматите што ги наплаќа на кредитите и по таа основа инкасирала нето 1,378 милијарди денари (22,37 милиони евра) за првите шест месеци. Вкупно бруто приходот од камати годинава за првите шест месеци изнесува 2,3 милијарди денари (37,5 милиони евра). За првите шест месеци оваа банка значајно ги зголемила средствата што ги чува во државни обврзници и таму вложила нови 100 милиони евра. Банката го зголемила кредитирањето за безмалку 20 милиони евра во споредба со првото полугодие лани, но истовремено ја зголемила и депозитната база која пораснала за 30 милиони евра во споредба со истиот период лани кога изнесувала 970 милиони евра. Најголема ставка на расходната страна на банката за овој период се резервациите за сомнителни побарувања и тие изнесуваат 507,5 милиони денари (над 8,3 милиони евра). Но во споредба со лани, тие средства се пониски за 50 милиони денари. Втора по големина расходна ставка се платите и придонесите за вработените и таа ставка изнесува 364,3 милиони денари (односно 6 милиони евра), што значи дека оваа банка за плати и придонеси месечно издвојува по 1 милион евра за своите вработени.

Можеби ќе ве интересира

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас