СТОПАНСКА БАНКА СКОПЈЕ ГИ ОБЈАВИ РЕЗУЛТАТИТЕ ЗА ПРВОТО ПОЛУГОДИЕ - еве за колку се зголемија приходите и добивката
Објавено во: Финансии 28 Јули, 2023
Резултатите од своето работење за првото полугодие од годинава ги објави уште една голема и системски важна банка за земјава, Стопанска банка.
Оваа банка, како што информира во своето обрзаложение на неконсолидираниот Биланс на успех, остварила добивка пред оданочување и резервации на сума од 37,8 милиони евра, што е за 15 отсто повеќе од истиот период лани.
„Во првата
половина од 2023 година, Стопанска банка АД Скопје оствари добивка пред оданочување и резервации во износ од 2.323.241 илјади денари, што е 15 отсто повеќе споредено со претходната година. Истовремено, врз основа на прудентните
политики на Банката за управување со ризиците, имајќи ги предвид сите
предизвици што ги носи тековното деловно опкружување, глобално и на ниво на
домашната економија, во анализираниот период Банката издвои исправка на
вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансна изложеност,
на нето-основа, во износ од 656.966 илјади денари. Со тоа, добивката на Банката
пред оданочување, во првото полугодие од годината изнесува 1.666.275 илјади
денари. Во најголем дел, ова е резултат на зголемени приходи по сите основи
заради континуираниот тренд на зголемување на обемот на деловни активности,
како и зголеменото кредитно портфолио на Банката. Успешното работење е
остварено во услови на органски раст на активата на Банката, која на 30.06.2023
година изнесува 126.642.003 илјади денари. На тој начин, Банката, во согласност
со својата деловна стратегија продолжува со раст на обемот на нејзините бизнис-активности“, се вели во образложението на финансискиот резултат на Банката. .
Во натамошниот текст ќе бидат претставени одделните позиции од билансот на успех и од билансот на состојба на Банката.
Нето-приходите од камати изнесуваат 2.621.190 илјади денари и се
зголемени за 630,975 илјади денари во однос на истиот период од минатата
година, како резултат на зголемените кредитни
активности и зголеменото кредитно портфолио на Банката, пораст на ликвидносната
позиција и трендот на раст на каматните
стапки.
Нето-приходите од провизии и надоместоци изнесуваат 430.597 илјади денари и се намалени за 5 отсто во однос на анализираниот период во 2022 година, што се должи на зголемени расходи од провизии поради повисоките трошоци за обезбедување на овие услуги, пред сè во делот на платните и картичните трансакции.
Нето-приходите од курсни разлики забележаа намалување од 7 отсто и изнесуваат 78.133 илјади денари.
Останатите приходи од дејноста изнесуваат 226.868 илјади денари.
И покрај ценовните флуктуации и високата инфлација, Банката успеа да ги ограничи оперативните трошоци од работењето и да ги одржи на релативно стабилно ниво, при што на 30.06.2023 година оперативните трошоци изнесуваат 461.777 илјади денари. Трошоците за вработени изнесуваат 501.246 илјади денари.
Во анализираниот период, врз основа на прудентниот пристап во управувањето со ризиците, Банката издвои исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансна изложеност, на нето-основа, во износ од 656.966 илјади денари.
„Како резултат на сето наведено, остварената добивка пред оданочување и резервации изнесува 2.323.241 илјади денари и забележа зголемување од 15 отсто во однос на истиот период од минатата година, додека добивката пред оданочување на 30.06.2023 година изнесува1.666.275 илјади денари“, се вели во образложението од Банката.
Додека, пак, според Билансот на успех на банката, нето добивката по оданочување изнесува 24,4 милиони евра, што е зголемување во однос на истиот период од минатата година.
Во следниот период Банката очекува продолжување на деловните активности во
согласност со нејзиниот деловен план и целосна ориентираност кон поддршка на
клиентите, прудентно управување со ризиците и одржување на високата стабилност,
сигурност и ефикасност во сите сегменти од работењето. Исто така, Банката
продолжува со реализација на започнатите проекти, пред сè, во делот на дигитализацијата, како и подготовка
на понуда на нови услуги. Во тој
контекст, на крајот на
вториот квартал од 2023 година, Банката воведе плаќања за своите клиенти преку
мобилен телефон со услугата Google Wallet која за првпат беше претставена на
нашиот пазар.
„Секако, фокусот останува на редовното и ефикасно извршување на основните деловни активности, одржување на лидерското пазарно учество од околу 27 отсто во сегментот на кредитирање на население, со фокус за натамошно зголемување на пазарното учество во делот на кредитирање на компаниите, кое на крајот на јуни 2023 година достигна 16,3 отсто. Банката ќе продолжи со своите препознатливи активности во делот на општествената одговорност преку реализација на повеќе проекти кои станаа препознатливи во заедницата, како и со повеќе донации - како пред пандемијата така и за време на пандемијата. При крајот на првиот квартал годинава, Банката ја реализираше и втората фаза од проектот „Зелен ѕид“ засадувајќи нови 300 високи садници дрвја во Скопје, долж Кејот на реката Вардар од Националната арена „Тоше Проески“ до мостот „Близнак“. И во текот на вториот квартал проектот „Зелен ѕид“ продолжи да се реализира со нови садници на дрвја во Скопје во зелените површини во Автокоманда, Центар кај Градска болница и околу Паркот на франкофонијата. Со проектот што ќе се одвива во период од две години, Банката има за цел да го зголеми фондот на дрвја во Градот со домашни видови липа, црвен даб, багрем, јавор, црвен јавор и прунус и со тоа да засади нов зелен појас кој, како што ќе расте низ годините, ќе ја подобрува животната средина за сите нас“, се вели во образложението.
„Во анализираниот период, Банката исплати дивиденда на имателите на приоритетни акции во вкупен износ од 1.137.220 денари или бруто-износ од 5 денари по акција, која се реализираше во текот на месец јуни 2023 година. Право на дивиденда остварија сите акционери што се стекнале со приоритетни акции до 15.06.2023 година (датум на пресек во акционерската книга), односно последен ден на тргување со право на дивиденда беше 13.06.2023 година“, се вели во образложението.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.