22 Ноември, 2024
0.0274

Стопанската комора и УСАИД започнуваат заедничка соработка на проект за поддршка на приватниот сектор за регионална интеграција

Објавено во: Економија 03 Јули, 2022

Добивај вести на Viber

Соработката на Стопанската комора на Северна Македонија со УСАИД, која трае подолг период, на полето на економските предизвици со кои се соочува земјата продолжува со потпишувањето договор за соработка за реализација на тригодишен проект, со кој ќе се зајакнат капацитетите на компаниите за поуспешна регионална соработка и за поврзување, што е од особено значење како за Комората така и за Коморскиот инвестициски форум, со кој Стопанската комора на Северна Македонија копретседава во моментов.

Преку овој проект, исто така, ќе се развијат алатки и нови услуги, со што ќе им се посвети особено внимание на јакнењето на конкурентноста на македонските извозно ориентирани компании и на можностите за регионално поврзување, преку реализација на голем број активности, како што се: формирањето на Институтот за извоз, креирањето на Националниот совет за извоз, саемите, обуките, како и директната помош на компаниите, со цел зголемена соработка во регионот на Западен Балкан и пошироко.

„Ние во Комората многу добро разбираме дека мала земја како Северна Македонија без извозна ориентација нема перспектива. Како Стопанска комора постоиме 100 години, постари сме и од македонската држава, имаме кадар, имаме цел и знаеме како треба да стигнеме до подобри економски прилики. Преку поддршката што ја добиваме од УСАИД се надевам дека она што го зборуваме 20 години сега е моментот на дело да помогнеме и да се реализира. Сфативме дека без правна држава нема правна сигурност. Активни сме и на тоа поле и се вклучуваме во разрешувањето на проблемите со корупцијата, сивата економија и со еднаквоста на сите на пазарот“, истакна преседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески. 

“Ќе ставам акцент врз неколку параметри. Пред 15 години почнавме од нула, а сега сме на ова ниво на коешто сме. Имаме стратегија наречена Комора на идината. Не ја чекаме државата. Имаме и концепт и потенцијал за да одиме напред. Затоа, оваа поддршка ни е важна, а со активностите преку овој проект чиниме добро и за бизнисот, но, уште повеќе, и за државата“, истакна Азески.” 

„Горди сме на нашето партнерство со Стопанската комора на Северна Македонија, преку кое ќе ја поддржиме регионалната соработка на приватниот сектор и ќе ги зајакнеме капацитетите на извозно ориентираните компании. Бизнисот ги препозна можностите што ги носат регионалните иницијативи и важноста на слободниот проток на капитал, стоки, услуги и на луѓе. Тоа ќе овозможи зголемена трговска размена, ќе го направи регионот поатрактивен за нови инвестиции, но и ќе ги подготви компаниите за предизвиците на заедничкиот европски пазар“, изјави Џејмс Стајн, претставник на Канцеларијата на УСАИД во Северна Македонија. 

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria