05 Декември, 2025
0.0450

Стопанската комора во Прилеп: Без обука, нема лиценца за меѓународен транспорт

Објавено во: Мои пари 07 Февруари, 2013 19:25

Добивај вести на Viber

Стопанската комора на Македонија денеска во Прилеп го промовираше проектот за стручно оспособување на меѓународни возачи и управители во патниот сообраќај.

„Ние како Стопанска комора сме овластени да ја спроведеме стручната  обука, за потоа возачите и управителите да полагаат испит. Сертификатот е еден од документите со важност од пет години, без кој не ќе може тие да излезат надвор од земјава, ниту да вршат меѓународен транспорт“, изјави Митко Митевски од Стопанската комора на Македонија, кој во Прилепската регионална стопанска комора го образложи проектот.

Обуката е еднодневна, трае  неколку часа и претежно ќе се врши во просториите на Стопанската комора, информираа од комората офд каде посочија дека според евиденцијата, во државата се околу 12.000 меѓународни возачи, а доста има во Прилеп зашто тука се неколку транспортни фирми.

Обуките за возачи ќе се одржуваат секој месец, почнувајќи од овој месец и тоа во определени термини - на 22 февруари, 22 март, 19 април, 23 мај, 21 јуни и 19 јули, а за управители на 15 март, 26 април, 31 мај, 28 јуни и 12 јули.

Возачите ќе се обучуваат на теми од безбедноста на сообраќајот на патиштата и меѓународен превоз на стоки и на патници, а за управителите главни теми се договор за превоз во патниот сообраќај, организација на трговските друштва, работни односи, даноци, такси и надоместоци, финансиско работење, техничките стандарди на превозните операции и за безбедноста на сообраќајот на патиштата.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје