08 Декември, 2025
0.1335

Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ ја објави годишната анализа на ИКТ-секторот: Трендот на пораст на ИКТ индустријата продолжува - ИКТ СЕКТОРОТ СО НЕКОЛКУ НОВИ РЕКОРДИ ВО 2024!

Објавено во: Мои пари 26 Јуни, 2025 15:56

Добивај вести на Viber

Македонската ИКТ-индустрија и во 2024 година е двигател на економскиот раст, интернационализацијата и иновациите

Македонската ИКТ-индустрија продолжува да руши рекорди! Според најновата компаративна анализа на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, ИКТ-секторот во 2024 година генерирал неверојатни 1,65 милијарди евра приход – раст од 12,5% во однос на 2023.

Во исто време, бројот на вработени се зголемил на речиси 24.000 лица, а инвестициите во човечки капитал и бенефиции достигнаа историски нивоа.

Најбрзорастечки параметар – профитабилноста!
Во 2024 година, компаниите од ИКТ секторот платиле 33 милиони евра данок на добивка, што претставува скок од речиси 65% во однос на претходната година. Ова покажува не само голем раст на приходите, туку и сериозно зголемена продуктивност и зрелост на индустријата.

Платите во ИКТ – највисоки во земјата!
Просечната месечна бруто плата во ИКТ достигна 2.376 евра, а вкупно за плати и надоместоци се исплатени над 314 милиони евра – 18% повеќе од 2023 година. Се бележи и раст на инвестиции во „нематеријални“ бенефиции – бонуси, обуки, патувања, осигурување – со вкупен износ од 32 милиони евра, што ја потврдува конкурентноста и привлечноста на секторот.

Извозот – мотор на економската интернационализација
Со извоз на ИКТ-услуги вреден 664 милиони евра, секторот бележи раст од 20%, потврдувајќи ја својата позиција како стратешки двигател на македонската економија на глобалната сцена.

ИКТ е иднината – и сегашноста!
Анализата покажува дека ИКТ не е само најбрзорастечкиот, туку и најстабилниот и најатрактивниот сектор за кариерен развој. Компаниите вложуваат сè повеќе во луѓето, креирајќи услови за одлични плати, професионален развој и висок животен стандард.

2025 – Јубилејна година за МАСИТ!
Оваа година, МАСИТ со гордост го одбележува значајниот јубилеј – 25 години активно присуство и посветеност на развојот на ИКТ-индустријата во Македонија. Во текот на овие две и пол децении, МАСИТ успеа да ги обедини најиновативните и најуспешните ИКТ-компании, кои денес генерираат половина од вкупниот приход во секторот.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј