18 Декември, 2025
0.0510

Странци ги оценуваат државите во кои живеат, Швајцарија сон на милиони!

Објавено во: Мои пари 02 Ноември, 2014 18:30

Добивај вести на Viber

Мултинационалната банка „HSBC“ со седиште во Лондон направи обемно истражување меѓу луѓето кои живеат и работат во странстви и рангираше кои држави се најмногу по вкус на странците.

При анкетирањето се служеле со состојбата на економијата, искуства во разни сегменти како локална храна, сместување и клима, но можност за создавање семејство во таа земја.

Во првите десет повеќе од половината ги држи Далечниот исток (Кина, Сингапур, Тајланд, Индија, Хонг Конг), а Европа ја претставила само Швајцарија и Германија, со Нов Зеланд од Океанија и Бахерин како една од арапските држави богати со нагта. Русија е на 17 место, Белгија 20, Франција и Шпанија на 23 и 24 место, а Италија е на 31 позиција.

Овде ви ги пренесуваме петте првопласирани со интересни коментари на поедини анкетирани за нив.

-Швајцарија

Во делот каде што се зборува германски, кога влегувате ви чекалница или лифт задолжително кажувате „Gruetzi Mitenand!“ (поздрав на сите). -Толку многу работи можат да се прават во Швајцарија:планините се тука за зимски спортови, а езерата за летни. Здравствената заштита е фантастична, како и јавниот сообраќај. За делот во кој се зборува француски задолжително е да го научите тој јазик. Без тоа локалците нема да ве третираат како рамни на нив!

-Сингапур

Финансиски добро стои, квалитетот на животот е добар, образованието за деца е одлично и имате повеќе можности за патување отколку во својата земја. Како семејство стекнавме глобален увид во работите.

Сетете се дека мора да пиете вода. Луѓето тоа го забораваат, а овде е многу топло.

Размислете колку работи ви требаат и оставете место за купување на ориентален мебел.

-Кина

Разбирањето на кинеските работни пракси како размена на визиткарти со двете раце и познавање на основните зборови како „здраво“ и „благодарам“ ќе стигнете далеку во Кина.

За да јадете навистина локална храна, замолете ги локалците да појдат со вас и пуштете ги да нарачаат за вас. Веројатно ќе порачаат работи кои вие никогаш нема да ги порачате и така навистина ќе ја вкусите најдобрата храна на светот.

Кинескиот ѕид морате задолжително да го видите.

-Германија

Во Германија луѓето се вознемируваат со премногу искажување на пријателства во краток рок. Почнете полека со „Hallo“ и „Guten Tag“, па оттаму напредувајте понатаму.

Посетете го истокот со неговите мали градови со непроменет изглед, Тирингиската шума, видете ги градовите како Дрезден.

Ако сте сместени на југот, задолжително научете да скијате и возите сноуборд. Тоа е прекрасно исуство и би било штета да го пропуштите.

-Бахерин

Јавниот превоз е ограничен во Бахерин и автомобил е неопходен. Горивото е поефтино од водата.

Верувам дека Бахерине најпрогресивна, либерална и семејно ориентирана земја во Заливскиот регион.

Запознајте се со тоа каде се наоѓаат социјалните клубови, не е лесно да пронајдете пријатели во Бахерин. Планирајте го одморот во текот на летото поради екстремните временски прилики.

И.Р

Можеби ќе ве интересира

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“