19 Декември, 2025
0.0551

СТРАНЦИТЕ ГО НАРЕКУВААТ „СВЕТСКО ЧУДО“: Етнолошкиот музеј во Џепчиште го посетиле 40.000 луѓе

Објавено во: Македонија 24 Февруари, 2020 06:47

Добивај вести на Viber

Постои 30 години, располага со 2.000 експонати, а досега го посетиле 40.000 луѓе од земјава и странство.

Најмалиот етнолошки музеј на светот од само неколку квадрати се наоѓа во селото Џепчиште, на 5 км северозападно од Тетово, и е во сопственост на Симеон Златев Моне. Тој отсекогаш ја сакал етнологијата, но по професија е архитект. Вели дека експонатите ги собирал тој, неговото семејство, семејството на неговата сопруга, дел купувал, а дел се обезбедени по пат на донации.

„Во музејот има носии, керамика, бакарни садови, карти за здравици, накит, ламби, оружје, 10.000 значки, 50 плакети и друго. Доаѓале луѓе од секаде, од соседството, од Америка, Австралија, Кина, Јапонија, Турција, Шпанија, Италија. Странците се навистина воодушевени, велат дека ова е светско чудо. Од Македонија доаѓале луѓето од трето доба, ученици на екскурзии, поединци, а го посети и претседателот на државата, Стево Пендаровски“, раскажува Златев.

Вели дека има експонати кои датираат од Отоманскиот период, но и многу постари, а има и предмети кои се од времето на Тито. Смета дека најстара е грутката од лава од 15 сантиметри која потекнува од Кратово.

„Луѓето кои доаѓаат се воодушевуваат на таа убавина, и се чудат како е можно сето тоа да се собере на едно место“, додава Златев.

Специфично за овој музеј  е тоа што влезот е бесплатен. Златев вели дека во лето повеќе време поминува во својата викендичка во Џепчиште, а во останатиот период од годината, посетите се реализираат по претходна најава.

Тој веќе изработил знаме за својот етно музеј, а вели дека во план е да напише и химна.

Златев конкурирал за Гинис со својот музеј, кој е мал по површина, а има огромен број предмети,  но оттаму не добил одговор.

Вели дека сака да постави рекорд, кој се надева дека ќе биде мотив за другите, да се занимаваат со ваква работа.

Музејот бил испирација луѓе за него да подгтвуваат магистерски труд и докторски дисертации.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот