18 Декември, 2025
0.0355

Странски медиуми тврдат: Путин не бил болен, чекал да му се роди дете од Алина Кабаева

Објавено во: Свет 13 Март, 2015 15:51

Добивај вести на Viber

Таинственото исчезнување на рускиот претседател Владимир Путин од јавни настапи во последните денови предизвика најразлични гласини.

Всушност Путин исчезнал од јавниот простор во последните седум дена поради среќен повод -  тој бил во швајцарскиот град Лугано поради раѓање на негово дете од поранешната олимписка шампионка во гимнастика Алина Кабаева, тврди италијанскиот весник „Република“(Repubblica.it).

Весникот се повикува на швајцарски медиуми - Радио Ер Ес И и весник „Блик“.

Според нив 32-годишната Кабаева, за која со години се тврди дека е љубовница на Путин, била регистрирана во елитната клиника во околината на Лугано.

Швајцарските медиуми тврдат дека Кабаева и Путин резервирале две соби во клиниката. Едната била за мајката Кабаева, а другата - за блиски и за чувари.

Медиумите дополнуваат дека раѓањето требало да е во најскоро време.

Во оваа клиника се родиле познати личности, како што е ќерката на Силвио Берлускони - Барбара.

Берлускони е пријател на Путин и според швајцарските медиуми токму тој му ја препорачал на рускиот претседател клиниката крај Лугано.

Претходно денеска на сајтот на руското претседателство се појавија фотографии од средбата на Путин со претседателот на Врховниот суд на Русија Вјачеслав Лебедев. Прес-службата на Кремљ соопшти дека во понеделникот рускиот претседател ќе има средба и со киргистанскиот колега Алмазбек Атамбаев.

Можеби ќе ве интересира

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел