Странските компании добија пониски царини за увоз, решението е само за една година
Објавено во: Економија 28 Октомври, 2020
Владата намали ги царинските стапки за увоз на компоненти за производство на технолошко напредни производи.
Станува збор за 33 царински стапки, а ова барање извозните компании го потенцираа долго време. Тврдеа дека им се намалува конкурентноста затоа што плаќаат повисоки царини од тие во ЕУ за увоз на компонентите со што стануваат помалку конкурентни. Странските извозни компании сега се задоволни со одлуката, но велат дека ова е привремено решение
„Во услови кога усогласувањето со царинските стапки на ЕУ се јавува како обврска на земјата во процесот на пристапување во ЕУ, автономните мерки претставуваат привремено решение што е во функција на зголемување на извозната конкурентност на индустријата во земјава, која произведува технолошки напредни производи. Тоа, секако ќе придонесе за подобро деловно работење на сите компании од секторот, но и за поголема атрактивност на земјата при привлекување нови компании со странски капитал, наведуваат од Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство.
По иницијатива на Асоцијацијата, поднесена на 9 октомври, се побара изедначување на царинските стапки на ниво на оние во Европската унија за одделни компоненти кои им се неопходни на компаниите за нивниот технолошки процес, започнувајќи од 1 ноември а во времетраење од една година.
Од Владата соопштија дека причина за ваквото намалување на увозните давачки – царинските стапки на овие производи, е што овие производи не се произведуваат во земјата и се набавуваат од увоз, а нивните царински стапки во увозот во Република Северна Македонија се значајно повисоки во однос на царинските стапки на овие производи во примена во Европската Унија.
А.Т.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.