СТРАШНОТО НЕВРЕМЕ ОД СЛОВЕНИЈА ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА: Еве што да очекуваме
Објавено во: Македонија 05 Август, 2023 09:28
Метеорологот Славчо Попоски, утринава со ново метео предупредување.
„Страшното невреме во Словенија, и катастрофалните поплави со себе однесоа неколку човечки животи.
Невремето забрзано се шири низ целиот балкан, а денес во попладневните часови и во текот на ноќта ќе ја зафаќа Македонија и тоа почувајќи од западните предели. Во најголем дел од државава ќе има интензивни поројни врнежи од дожд, силен ветер, силни електрични празнења, како и појава на град кој локално би можел да биде и крупен.
Оваа голема нестабилност, поврзана со студен фронт од север, како и со Џеновскиот циклон од денес навечер од запад ќе се поместува кон исток од Македонија, и најсаилна ќе биде во централните предели од државава. Можни се штети поради очекуваното невреме и во Македонија, како и локални поројни поплави.
И според нашата алатка за рано предупредување на невреме “NOTHAS”, се очекува големо невреме на повеќе места низ Македонија, и истата проценува ниво 3 за денес попладне и навечер (тоа значи засилен развој на грмотевични облаци и временски непогоди).
Апелираме граѓаните да бидат крајно внимателни, но и да не излегуваат од своите домови додека трае невремето.
Од утре, под влијание на значително посвеж воздух од север, температурите ќе опаднат за околу 10 степени, а во северните предели и за повеќе од 10 степени. Сето ова ќе биде проследено со засилен ветер од западен и од северозападен правец. Утре исто така сеуште ќе има локални врнежи од дожд и грмежи, а потоа следува период на стабилно и суво време, со значително свежи утра.“ вели Попоски.
ФОТО:Метеоаларм
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




