СТРАВ ОД УШТЕ ЕДНА ВОЈНА, РУСКО ВЛИЈАНИЕ И ПОДЕЛБА НА ЗЕМЈАТА: Иракли од Грузија објасни зошто протестираат Грузијците, ексклузивно читајте во Фактор
Објавено во: Свет 29 Октомври, 2024
Грузиецот Иракли Гогоришвили кој живее во главниот град на Грузија, Тблиси, каде деновиве се случуваат масовни протести, ексклузивно за Фактор објасни од што всушност се плашат и зошто протестираат.
„По осамостојувањето решивме да се приклучиме на европското семејство (ЕУ и НАТО). Приклучувањето кон европското семејство отсекогаш имало поддршка над 60 проценти во анкетите. Грузија е успешен пример во однос на реформите во регионот и секогаш е на водечките позиции во различни рангирања за спречување на корупцијата и разни прашања. Потсетувам дека по осамостојувањето водевме две војни со Руската Федерација.“, објасни Иракли.
Тој вели дека по втората војна, Русија окупирала 20 проценти од Грузија.
„И по втората војна во 2008 година Русија окупираше 20 отсто од Грузија. 2012 година беа изборите на кои народот го замени тимот на млади реформатори со Биџина Иванишвили, грузиски милијардер кој работи во Русија. Влијанието на Русија постепено почна да се зголемува, бидејќи таа никогаш нема да го прифати пристапот на Грузија во европското семејство. По руската инвазија на Украина Владата на земјата почна нагло да се врти кон Русија и преку разни масовни медиуми контролирани од владата, тие почнаа да пропагираат дека владата на ЕУ и САД се обидуваат да не вовлечат во војната и да отворат втор фронт. ова функционираше многу добро и го зголеми стравот дека Грузија може да заврши во војна“, вели тој.
Даде објаснување зошто луѓето се толку исплашени од Русија, а говореше и за исходот на последните избори во земјата.
„ Во пролетта 2024 година беше инициран Законот за агенти на странско влијание, што предизвика масовни протести во земјата, луѓето мислеа дека тоа е руски закон, бидејќи сличен закон во Русија целосно ги ограничи масовните медиуми и невладините организации, на барање на Европската унија овој закон треба да се укине, бидејќи не одвои од европското семејство, но законот сепак беше усвоен и процедурите за пристапување на Грузија во ЕУ беа суспендирани. Демонстрантите повикаа на Собрание избори за да се смени сè и да се врати државата на патот на европското семејство и да се избере нова коалициска влада, но на 26 октомври повторно победи актуелната влада, што ги подигна сомнежите дека изборите се наместени со поткуп и со разни методи на заплашување. Опозицијата ги освои сите големи градови освен регионите во кои живеат етничките малцинства, во овие региони поддршката на власта беше од 70 до 90 проценти и имаше сомнеж дека има масовен поткуп на гласачи бидејќи регионите се многу сиромашни. Значи, поткупот, разните недемократски методи и стравот од започнување војна имаа големо влијание на изборите, што предизвика протести и разни опозициски партии одбиваа да влезат во парламентот“, вели Иракли.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.