Стравот од втор бран на коронавирус ги „урна“ цените на нафтата
Објавено во: Економија, Корона Вирус 03 Јули, 2020
Нафтата во светски рамки поевтини.
Нафтата „брент“ доживеа пад на цената за 51 цент или 1,2 отсто на 42,63 долари за барел, а цената на американската ВТИ нафта се намали за 56 центи или за 1,4 отсто на 40,09 долари за барел.
Цената на нафтата при денешното тргување на светските пазари регистрира пад на ниво под 43 долари за барел.
Новиот бран на коронавирусот ги поттикна стравувањата дека опоравувањето на побарувачката за гориво би можело да запре.
Сепак цената на ,црното злато“ и понатаму е на пат да забележи неделна добивка поради малата понуда и се поголемиот број сигнали за опоравување на економиите.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.