19 Декември, 2025
0.0392

СТРЕЛКИТЕ ГИ ПОМЕСТУВАМЕ МОЖЕБИ ПОСЛЕДЕН ПАТ: Почнува зимскиот режим на сметање на времето

Објавено во: Македонија 27 Октомври, 2018 13:05

Добивај вести на Viber

Ноќеска стрелките на часовникот ќе ги поместиме назад и ќе спиеме еден час повеќе. Оваа пракса можеби ќе ја применуваме за последен пат откако Европската комисија предложи стрелките повеќе да не се поместуваат два пати годишно.

Со услов да не го нарушат функционирањето на пазарот, земјите членки имаат рок до април 2019та да одлучат дали трајно ќе изберат зимско или летно сметање на времето/ Македонија ќе се одлучи за тоа време кое ќе го изберат земјите на ЕУ. Наредната година ќе дознеме кое.

Часовникот ноќеска ќе треба од 3 да ги вратите на 2 часот, односно да ги вратите назад еден час.

Во последните неколку месеци, Европа, и Македонија гледаат во часовникот. Преполно е со различни мислења за влијанието на поместувањето на часовникот на здравјето, економијата..

Клучни март или октомри 2019

Последен пат стрелките би морале да бидат поместени согласно летното сметање на времето во недела, на 31 март 2019-та.

Потоа земјите членки кои сакаат трајно да се преместат на зимско сметање на времето и понатаму би можеле, и тоа за последен пат, да го поместат часовникот во недела на 27 октомври 2019 година.

Дојде времето да се напушти идеката на Бенџамин Франклин од 18 век поради која стрлките и почнаа да се поместуваат како би се искористил што поголем дел од денот. 

Во Европа тоа прва го направи Германија, а по неа следеа Франција, Велика Британија и Австроунгарија и тоа за потреби како штедење на енергија во текот на Првата светска војна. Во седумдесетите , кога во текот на енергетската криза нафтата значајно поскапе, поедини држави воведоа летно време за да заработат повеќе.

Во САД летното сметање започнува во втората недела на март, а завршува во првата недела на ноември. На јужната полутопка почетокот на летното време е обратен од северната.

Во Македонија, како дел од СФРЈ, летното сметање на времето се користи од 1983 г., а од 1996 г. е регулирано со Закон за сметање на времето.

Предности и недостатоци

Додавањето на еден час дневна светлина попладне генерално им оди во прилог на продавниците, спортските активности, земјоделството и други дејности кои се поврзани со дневна светлина. Покрај тоа, продолжувањето на попладневната дневна светлина изгледа го намалува бројот на жртви од сообраќајни незгоди. Исто така, изгледа дека се заштедува електрична енергија со намалувањето на периодот на вештачко вечерно осветлување. Во САД пресметале дека летното сметање на времето заштедува 1% од потрошувачката на нафта.

Од друга страна, поместувањето на часовниците го комплицира одржувањето на сатницата, и може да ги поремети состаноците, возните редови, медицинските уреди, наплатата за разни услуги, итн. Особен хаос се создавал во минатото поради неконзистентности помеѓу државите во сметањето на времето.

Промената на стрлките влијае на здравјето на луѓето

ЕК предложи да се смени оваа пракса врз основа на анкета која летово е направена. Резултатите на таа анкета покажале дека 84 отсто од анкетираните не сакаат повеќе да се поместуваат стрелките. И тоа, пред се , поради влијание на здравјето кога се поместат стрелките.

Неколку студии утврдиле дека поместувањето на часовникот има влијание на расположението, чувство на замор а утврдено е дека промената во пролет е сериозна по здравјето отколку промената на есен.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот