19 Декември, 2025
0.0526

Струја или парно? Пресметај – РКЕ постави калкулатор на својата веб страна

Објавено во: Мои пари 25 Ноември, 2013 14:34

Добивај вести на Viber

Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија на својата веб страна постави калкулатор со кој граѓаните ќе може да прават пресметки на трошоците за потрошувачката на  електрична и топлинска енергија. Целта на овој калкулатор, како што информираат од РКЕ е потрошувачите да можат со едноставно внесување на неколку параметри да пресметаат колкави би биле нивните трошоци за електрична енергија, односно колку би плаќале за услугите на топлификациониот систем во Скопје, за загревање на една иста грејна површина. Регулаторната комисија за енергетика, преку изработката на овој калкулатор, сака да ги поттикне потрошувачите во насока на зголемување на интересот за планирање на потрошувачката на енергија, како и да им помогне во нејзиното рационално користење. „Калкулаторот ќе им помогне на граѓаните во навремено планирање и намалување на трошоците за греење во зимскиот период кога тие се и најголеми, а истовремено на долг рок ќе придонесе да се зголеми свесноста дека треба навремено и рационално да се носи одлуката за избор за загревање на домовите на граѓаните. Секој потрошен киловат час електрична енергија со себе повлекува и одреден финансиски трошок, а овој калкулатор приближно - најточно и навремено може да го пресмета истиот и да помогне во носењето на клучната одлука за секое домаќинство“ – изјави претседателот на РКЕ, Димитар Петров. Во однос на практичната примена на веб калкулаторот, она што е од значење за потрошувачите е да знаат дека кај електричната енергија, при пресметката на трошокот, се внесува износот на потрошени kWh кој што може да се види на задната страна од месечните фактури за електрична енергија, а за да се добие подобра претстава за потрошените kWh за загревање, препорачливо е да се одбијат просечните месечни KWh од летниот период. За пресметка на трошокот за топлинска енергија единствено што е потребно да се внесе е грејната површина на станот, со што се добива просечниот месечен трошок за греење со овој вид на енергија. Исто така, во делот на топлинската енергија има опција потрошувачите да пресметаат колкав е просечниот трошок доколку се исклучени од топлификациониот систем, што е значаен податок кога ќе ја прават севкупната споредба на трошоците. Со цел да се добие најреална споредба на трошоците за греење со електрична, односно топлинска енергија, потребно е да се има во предвид дека пресметката треба да се однесува за приближно еднакви услови, односно за иста површина и приближно ист период на греење во текот на денот.

Можеби ќе ве интересира

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка