19 Декември, 2025
0.0396

„СТРУМИЦА СПЕЈС ШАТЛ“: Општината ги набавила најскапите автобуси во државата

Објавено во: Македонија 04 Јуни, 2024 06:30

Добивај вести на Viber

Антонио Милошоски сподели статус на советникот на ВМРО-ДПМНЕ во општина Струмица, Владимир Ристов, во кој тој обвинува дека општината купила најскапи автобуси во земјава.

Струмица ги набави најскапите автобуси во државата, едни од најскапите електрични автобуси во Европа

Општина Струмица е помеѓу последните градови во државата со организиран општински јавен превоз. Tоа е резултат на лошиот менаџмент на општина Струмица од градоначалникот Костадинов.

Јавниот превоз е дел од програмата на ВМРО-ДПМНЕ, а советничката група на ВМРО-ДПМНЕ уште пред две години понуди концепт за брзо отпочнување на јавен превоз во општина, но тогашната иницијатива Костадинов ја одби. Од тогаш градоначалникот смени неколку концепти за јавен превоз, најпрво со менување на дејноста на претпријатието Струмица-гас, потоа преку општина Струмица, за на крај да се формира ново ЈП Струмица-Транспорт кое цела година ќе плаќа плати и дневници на возачи на автобуси и вработени иако автобускиот превоз се очекува да започне кон крајот на месец септември.

Општина Струмица преку ЈП Струмица Транспорт потпиша договор во вредност од 7 милиони евра за 10 електрични автобуси со капицитет од 21 седиште и 22 позиции за стоење, притоа без да напрaви опсежни консултации и без објавена физибилити студија.

Со овој договор Струмица ќе ги добие најскапите автобуси во државата за јавен превоз, а се едни и од најскапите електрични автобуси во Европа.

За споредба поголемите градови во државата имаат формирано јавни претпријатија или општина организира линиски јавен превоз. Дел од градовите користат дизел автобуси, а во Скопје, Прилеп, Битола, Тетово се користат еколошки автобуси на метан.

Градоначалникот Костадинов ќе биде запаметен по јавни набавки кои се далеку поскапи од реалната цена на чинење. Па така во минатото набавуваше клупа од 1500 евра, контејнер од 8000 евра, дрвце од 4000 денари, а сега по истиот терк набави автобуси во кој еден автобус за 44 патника чини рекордни 700.000 евра“, напиша тој на фејсбук.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот