СТРУМИЦА ЗАГУБИ ГОЛЕМ ЧОВЕК: Почина Аце Стојанов
Објавено во: Македонија 06 Март, 2024 06:52
Вчера во Струмица на 53 годишна возраст почина поранешниот фудбалер на повеќе струмички и македонски клубови и тренер, Аце Стојанов.
Во својата кариера како фудбалер ги бранел боите на Тиверија, Беласица, Влазрими од Струга, Вардарски од Богданци и Хоризонт од Турново, каде последно ја извршуваше функцијата координатор на младинските школи на овој клуб.
И во својата долгогодишна тренерска кариера ги водеше Тиверија, Беласица, Нов Милениум од Сушица и Хоризонт од Турново, а покрај тоа беше и координатор на струмички фудбалски клубови.
Струмичките фудбалски клубови се простуваат од Стојанов, а ФК „Тиверија“ на својата фејсбук страница напиша: „Беше голем човек и добар другар. Благодарност од Тиверија и фудбалска Струмица за твојот придонес“.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




