16 Декември, 2025
0.0441

СТРУМИЧАНЕЦ РАСЧИСТУВАЛ КАВГИ СО ПИШТОЛ, за среќа не испукал, уапсени се две лица

Објавено во: Македонија 17 Јули, 2022 19:03

Добивај вести на Viber

На 17.07.2022 година околу 06.00 часот полициски службеници од Полициската станица Струмица ги лишиле од слобода С.И. (32) и Р.И. (31) и двајцата од Струмица. 

Истиот ден околу 04.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека во магацински простор на угостителски објект во Струмица С.И. извадил пиштол кој го вперил кон двајца од вработените и се обидел да го употреби, но истиот не испукал, а при обид да го репетира од страна на други присутни, пиштолот му бил одземен. 

На настанот, според пријавеното, му претходело недоразбирање помеѓу Р.И. и дел од вработените, по што Р.И. си заминал од местото и по околу половина час повторно се вратил заедно со С.И,. притоа Р.И. физички нападнал некои од вработените, а С.И. се обидел да го употреби пиштолот. 

Од страна на полициски службеници од СВР Струмица на лице место бил пронајден и подигнат неиспукан куршум од пиштолот, а по одземање на пиштолот во рамката од истиот биле пронајдени уште 5 куршуми. 

Лицата се задржани во Полициска сттаница Струмица, за настанот е запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

ИСКОПУВАЛЕ КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО, ЗАВРШИЈА ЗАД РЕШЕТКИ: МВР најде метални детектори и кутија со 43 златни и сребрени монети

ИСКОПУВАЛЕ КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО, ЗАВРШИЈА ЗАД РЕШЕТКИ: МВР најде метални детектори и кутија со 43 златни и сребрени монети