Добивај вести на Viber
Струмица е прогласена за најдобра СПА дестинација за бањски туризам во Македонија на синоќешното доделување на СПА награди, кое се организираше за првпат во Македонија.
Притоа како дел од манифестацијата за доделување на најдобрите СПА центри во земјава, беа доделени награди во шест категории. Меѓународното жири од областа на СПА туризмот на Струмица и ја додели наградата за „Бања Банско“.
Целта на доделувањето на овие награди е популаризирање на земјите од Балканот како посакувани СПА дестинации за странските туристи и промовирање на СПА индустријата.
Целта на манифестацијата е започнување на кампањата за развој на Спа туризмот во Македонија и промоција на Македонија како значајна Спа дестинација на Балканот. Организатор е Иницијативниот комитет со кој претседава д-р Жан Митрев и меѓународната организација “Спа номинации“, а покровител Министерство за економија.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.