15 Мај, 2024
0.0278

Студената опуштеност на фармите

Објавено во: Свет 10 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Ако потенцијалот можеше да се јаде, Африка ќе има најухранети луѓе на Земјата. Огромниот континент поседува 60 отсто од светската некултивирана плодна почва, поголемиот дел од неа воопшто необработена. Почвата која почнува да се култивира, воглавно од мали фармери, може да роди многу повеќе. Приносите од земјоделски култури во Африка се меѓу една третина и една половина од глобалниот просек. Квалитетот на почвата често е слаб заради недоволното обработување, но тоа може да се поправи со ѓубрива. Со исправен ноу-хау и со инвестиции, африканските фармери можат да ја удвојат продуктивноста.

Сепак огромниот потенцијал на Африка се судира со бруталната реалност, која е документирана во нов извештај од тинк-тенк организацијата Алијанса за зелена револуција во Африка (АГРА), со седиште во Кенија. Земете ја цената на ѓубривото, на пример. Фармерите во Америка плаќаат цена по испорака од 226 долари по тон. Но во Замбија цената е 414 долари. Трошоците за транспорт сочинуваат само мал дел од оваа разлика. Остатокот се дели на трошоци за пристанишни услуги, за корумпирање, магацински трошоци, трошоци за гориво, значаен процент за увозникот и за камати на кредити - тоа се слоевите во цената на ѓубривото кои се трупаат на патот од пристанишата до фармите.

Но, фармерите може и да ја поднесат оваа цена, ако се сигурни дека ќе го продадат вишокот производи по повисока цена. Но цената до пазарот е превисока за повеќето мали производители. До една петина од вишокот производи се губи заради лошите услови за складирање и по патиштата. Недостигот од кредити ги присилува малите фармери да продаваат евтино, наместо да чекаат да дојдат најдобрите цени во сезоната. Тука може да помогнат стандардите за проценка: банките можеби и би сакале да позајмуваат за производство кое ќе се проценува во складиштата. Податоците за цените и количините собрани на овој начин, исто така може да им помогне на фармерите подобро да просудуваат што да одгледуваат, и кога.

Но некои тесни грла тешко ќе се прочистат. Тешко е да се изгради мрежа од рурални патишта. Но мали инвестиции можат да ја поправат ситуацијата. Има случаи каде прегладнет дел од земјата е отсечен од друг дел каде има многу храна, затоа што нема мост, вели Дејвид Амејоу, Американец по потекло од Гана кој го уредуваше извештајот на АГРА. Исто така можат да се исплатат и средствата кои се трошат на истражувања, ако тоа им помага на владите за да донесат најефикасни политики. Африка има само 70 стручњаци за земјоделие на секои милион луѓе, велат од АГРА. За споредба во Латинска Америка има 550, а во северна Америка 2,640 експерти на милион луѓе.

Изгледа дека на Африка никогаш не и недостасуваат политики, дури и кога често недостасува трпение за нивно остварување. Може да се минат шест до осум години за да се уверат фармерите дека шемите функционираат, вели Амејоу. Повеќето од нив и не издржуваат толку долго. Сепак некои иницијативи ветуваат. Земјоделската политика на Нигерија е заснована на два принципи: владата не може да го размести приватниот сектор, и фармерството треба да биде третирано како бизнис, од семе до складирање. Државата директно ги снабдува фармерите со семиња и ѓубрива, а ова создава корупција. Фармерите сега добиваат кредити по мобилни телефони, и тие можат да се искористат за купување материјали од приватни добавувачи.

Таквите шеми ја доведуваат во прашање довербата на пазарите. Често тие се без контрола. Луѓето во градовите можат да се налутат ако цените на храната растат: предизвикот да се ограничат цените, да се воведе забрана за извоз, или да се субвенционира увозот, можат да бидат преголеми залаци за владите да им одолеат. Но во ваков процес, земјоделските пазари се уништуваат. Малите произведувачи се откажуваат од производство на вишок приноси. А огромниот потенцијал од фармерството во Африка продолжува да биде неостварен.

Извор: Миа

Можеби ќе ве интересира

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници