Студенчишкото блато во категоријата за „Споменик на природата“
Објавено во: Економија 06 Декември, 2012 18:33
Според последниот проект инициран од Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското Езеро, со финансиска поддршка од Германското друштво за соработка ќе бидат реализирани неколку инфраструктурни зафати за повторно поврзување на блатото со Охридското Езеро, како и изградба на патеки во блатото што ќе служат за научни и туристички цели.
Од некогашните 40-тина хектари, денес од Студенчишкото блато остана површина од околу 25 хектари. Голем дел од ова природно живеалиште на најразлични форми флора и фауна, меѓу кои и ретки видови, под влијание и разни активности на човекот е уништен во изминатите децении. На некогашното блато денес има станбени комплекси, спортски центар, а во срцето на овој важен дел од еко-системот се сместени управната зграда на ЈП „Охридски Комуналец“ и дендролошкиот расадник, како и армиски и полициски објекти. Со изградба на асфалтната патека од Охрид до Горица беше прекината природната комуникација на езерото со блатото, каде се мрестеа повеќе видови риба меѓу кои и охридскиот крап. Дел од блатото е претворен во депонија што сериозно го загрозува опстанокот на живиот свет, за што говори и фактот што веќе се исчезнати неколку видови ретки растенија, меѓу кои и препознатливиот жолт локван и белиот лотос. Експертите проценуваат дека прогласувањето на блатото за заштитено подрачје ќе го ревитализира просторот, а со тек на време повторно тука ќе ги има исчезнатите примероци од флората и фауната.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?
Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...
Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното
ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката
ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата
РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија





