24 Ноември, 2024
0.0478

СТУДЕНТИТЕ ГИ НЕМА ВО ДОМОВИТЕ, НЕМА ПАРИ НИ ЗА ПЛАТИ НА ВРАБОТЕНИТЕ - експресно се носи закон да им се дадат државни средства

Објавено во: Македонија 13 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Онлајн наставата која се одвива на речиси сите факултети, ги секна парите за плати на вработените во државните студенстки домови.

Со физичко присуство на факултетите одат само оние студенти кои мораат на тој начин да ги реализираат студенстките вежби.

Од тие причини се речиси празни и студентските домови, односно без студенти. Фактот што сега не се плаќа за студентските легла значајно ги намали парите што ги инкасираат студентските домови, па тие практично и нема од каде да им исплатат плата на своите вработени.

Затоа, Владата ќе дава буџетски пари за плати на овие вработени. Ваков предлог закон до Собранието испрати Владата, а негов претставник е мнистерката за образование и наука Мила Царовска.

Станува збор за предлог законот за дополнување на Законот за студентски стандард, кој ќе оди по скратена постапка.

Од Владата објаснуваат дека всушност во постоечкиот Закон за студентски стандард ќе се додаде нова одредба, со која се регулира доделувањето на средства на државните студентски домови, за исплата на плати на нивните вработени, во услови на вонредни околности, под какви што ќе се сметаат утврдено постоење на кризна состојба, прогласена епидемија, односно пандемија, пожари, поплави или други големи природни непогоди, од страна на Министерството за образование и наука.

„Имено, платите на вработените во студентските домови се финансираат преку партиципацијата која студентските домови ја наплаќаат по сместен студент. Со прогласувањето на епидемијата од вирусот КОВИД-19, голем дел од високобразовните установи организираа онлајн настава, заради што голем дел од студентите немаат потреба од сместување во студентски дом. Оттаму, се намалија и приходите на студентските домови, со што се загрозува нивното секојдневно работење и можноста да се исплатат платите на вработените поради недостиг на средства“, се вели во владиното образложение.

Според проценките на Владата, за да се иплатат платите на вработените во државните студентски домови, идната година ќе бидат потребни 200 милиони денари, или 3,3 милиони евра.

„Со Буџетот на Министерството за образование за 2021 година, за студентските домови се планирани вкупно 200.000.000 денари“, се наведува во предлог законското решение.

Притоа, како што се наведува во текстот, средствата за овој закон ќе се обезбедат од Буџетот на земјава.

Инаку, месечната станарина во студентските домови чини 3.645 денари или близу 60 евра.

Од Владата навеле дека законот ќе се носи по скратена постапка, од причина што за тоа биле исолнети условите од членот 170 од Деловникот на Собранието.

„Во услови на вонредни околности (утврдено постоење на кризна состојба, прогласена епидемија, односно пандемија, пожари, поплави или други големи природни непогоди), Министерството, по поднесено писмено барање со образложение од државниот студентски дом, може да додели средства на државните студентски домови, за исплата на плати на вработените во државните студентски домови, за периодот на траење на вонредните околности. Средствата од ставот (5) на овој член, Министерството може да ги додели по претходно донесена одлука од Владата“, се наведува во законските измени.  

Инаку, студентските домови за своите станари беа отворени пред еден месец, но по нови правила и протоколи, а пред неколку дена комплетно се дезинфицираа. Со одлуката на Владата и по препорака на Комисијата за заштита од заразни болести, тие смеат да примаат студенти со преполовен капацитет и со строго почитување на протоколите за заштита од Ковид-19.

На влезовите во студентските домови има бесконтактни диспанзери за дезинфекција. Забрането е користење на заедничките простории. Во мензите масите се оддалечени два метра, а на секоја маса може да седат двајца студенти.

За студентските домови во Скопје капацитетот по протокол е 2.080 легла, а примени се вкупно 1.614 студенти. 

Нина Нинеска-Фиданоска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

АХМЕТИ ВО ШВАЈЦАРИЈА: Без Албанците, Северна Македонија нема иднина

АХМЕТИ ВО ШВАЈЦАРИЈА: Без Албанците, Северна Македонија нема иднина

ВЕНКО: Нема волшебно решение преку кое СДСМ ќе биде владејачка партија

ВЕНКО: Нема волшебно решение преку кое СДСМ ќе биде владејачка партија

БЕШЕ ГРАДОНАЧАЛНИК НА КРИВА ПАЛАНКА: Почина Борјанчо Мицевски

БЕШЕ ГРАДОНАЧАЛНИК НА КРИВА ПАЛАНКА: Почина Борјанчо Мицевски

ФРАНЦУСКИОТ АМБАСАДОР ВО ЗЕМЈАВА: Нашиот интерес е да не дозволиме Русија да ја добие војната во Украина

ФРАНЦУСКИОТ АМБАСАДОР ВО ЗЕМЈАВА: Нашиот интерес е да не дозволиме Русија да ја добие војната во Украина

ЗА ДА СЕ НАМАЛИ ЗАГАДУВАЊЕТО НА ВОЗДУХОТ: Кавадарци бара обиколница

ЗА ДА СЕ НАМАЛИ ЗАГАДУВАЊЕТО НА ВОЗДУХОТ: Кавадарци бара обиколница

ИЗБОР НА НАЈВИСОКИТЕ ТЕЛА НА ПАРТИЈАТА: СДСМ денеска ќе го одржи 30. Конгрес

ИЗБОР НА НАЈВИСОКИТЕ ТЕЛА НА ПАРТИЈАТА: СДСМ денеска ќе го одржи 30. Конгрес

ПОЛИЦИСКИТЕ БИЛТЕНИ СЕ ПОЛНИ СО ПРИЈАВИ ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО: „Сивата бројка“ на непријавени случаи е многу поголема

ПОЛИЦИСКИТЕ БИЛТЕНИ СЕ ПОЛНИ СО ПРИЈАВИ ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО: „Сивата бројка“ на непријавени случаи е многу поголема

СЕ ОЧЕКУВА СТУДЕНО ВРЕМЕ: Teмпературата ќе се спушти под -10 степени

СЕ ОЧЕКУВА СТУДЕНО ВРЕМЕ: Teмпературата ќе се спушти под -10 степени

МАКЕДОНИЈА СЕ РАЗБУДИ СО ЗАГАДЕН ВОЗДУХ: Кичево и делови од Скопје најзагадени

МАКЕДОНИЈА СЕ РАЗБУДИ СО ЗАГАДЕН ВОЗДУХ: Кичево и делови од Скопје најзагадени