18 Декември, 2025
0.0607

СТУДИЈА: Kоронавирусoт може да опстојува во воздухот со часови и на површини со денови

Објавено во: Свет, Корона Вирус 17 Март, 2020 21:59

Добивај вести на Viber

Kоронавирусoт кој „експлодираше“ во глобална пандемија може да остане во капките во воздухот со часови и на површини со денови. Ова е според новата студија која треба да понуди насоки за да им помогне на луѓето да избегнат заболување од респираторна болест наречена КОВИД -19.

Научниците од Националниот институт за алергија и заразни болести, дел од американскиот Национален институт за здравство, се обиделе да го пренесат вирусот од заразено лице на секојдневни површини во амбиент за домаќинство или болница, како на пример преку кашлање или допирање на предмети, објави Ројтерс

Тие користеле уред за да испуштаат аеросол што ги дуплирал микроскопските капки создадени при кашлица или кивање.

Тестовите покажуваат дека кога вирусот го носат капките ослободени кога некој кашла или кивање, тој останува одржлив или е во можност сè уште да зарази луѓе, во аеросоли најмалку три часа.

На пластика и не'рѓосувачки челик, одржлив вирус може да се открие по три дена. На картон, вирусот не беше одржлив после 24 часа. На бакар, потребни се 4 часа вирусот да стане неактивен. 

Истражувачкиот тим открил дека се потребни околу 66 минути за половина од честичките на вирусот да ја изгубат функцијата доколку се наоѓаат во капки од аеросол.

Тоа значи дека по еден час и шест минути, три четвртини од честичките на вирусот ќе бидат суштински деактивирани, но 25 отсто сепак ќе бидат одржливи.

Можеби ќе ве интересира

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина