СТУДОТ ПОЧНУВА: Во вторник ќе биде најладно, а можно е во земјава да падне и снег! Еве ги деталите
Објавено во: Македонија 16 Октомври, 2023 07:19
Под влијание на студен и влажен воздушен бран од север, во следните часови на Балканскиот Полуостров температурите драстично ќе се намалат, и за повеќе од 10 степени, информира Славчо Попоски.
Сето ова ќе биде проследено со силен северен ветер, на Јадранот силна Бура, а ќе има и врнежи од дожд. Со заладувањето, на планините над 1600, 1700 м.н.в се очекуваат и првите снегулки за оваа сезона.
Овој бран во Македонија пристигна ноќта недела кон понеделник и носи засилен северен ветер, локални врнежи од дожд и нагло заладување на времето, односно температурите од денес ќе се намалат за 8 до 10 степени во споредба со досегашните, понекаде и за повеќе од 10 степени. Не се исклучува можноста на највисоките планински врвови и во Македонија да провее по некоја снегулка.
Следната седмица ќе биде многу променлива, повремено ќе има и врнежи, особено во понеделник претпладне и во вторник во текот на целиот ден. Во понеделник температурите ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 20 степени, а уште постудено ќе биде во вторник кога максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 17 степени.
Сепак од средината на следната седмица повторно се враќа значително потоплото време, односно ќе имаме сеуште потопли денови, и покрај оваа голема и нагла промена на времето која ни следува.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




