17 Декември, 2025
0.0399

Субрата Рој денеска на суд, неизвесен ден за Сахара Групација!?

Објавено во: Економија 13 Август, 2013 08:27

Добивај вести на Viber

Врховниот суд денеска ќе го продолжи сослушувањето по предметот меѓу Сахара Груп и Регулатор на пазарот за хартии од вредност Одборот на Индија СЕБИ. Станува збор за случајот во кој од две фирми „Сахара Индија Недвижнини“ и „Сахара домување инвестиции“ се бара рефундирање на 24.000 крори (4,4 милијарди евра) собрани од речиси 30 милиони инвеститори преку опционално целосно конвертибилни обврзници (OFCDs). Сметките на милијардерот се замрзнати бидејќи Врховниот суд во Индија пресуди дека Субрата Рој, преку неговите компании измамиле неколку милиони граѓани со становите што ги продавале. Поради ова  Врховниот суд ја задолжи компанијата да го  врати долгот од 3 милијарди евра со 15 проценти камата за измамени граѓани. Според судскиот налог компанијата на Субрата Рој требаше да ги врати парите во рок од три месеци, а на барање на компанијата дозволено било долгот да се врати на три рати. Сепак според пишувањата не медиумите во Индија, Сахара Груп ја платила само првата рата што е една само една петтина од долгот. Останатите две рати не се платени, поради што следуваше замрзнувањето на сметките. Фирмите на Субрата Рој се жалат на одлуката за рефундирање на парите, но регулаторот, освен замрзнување на сметките побара и одземање на пасошите на директорите на компаниите и најстроги казни. Рој е индиски милијардер, кој од неодамна најави големи инвестиции во Македонија. Едната се однесува на изградба на грандиозен хотелско туристички комплекс во Љубаниште, а втората за инвестиции во агрокомбинатот Џумајлија. Иако, Рој напомена, дека случајот во Индија нема да се одрази на инвестициите во Македонија, сепак, во земјава постои скепса околу најавите за инвестиции, и со нетрпение се очекува финалето на сускиот процес во Индија.  

Можеби ќе ве интересира

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас