18 Декември, 2025
0.0708

Субрата Рој почна да го продава имотот за пари за кауција

Објавено во: Свет 10 Јуни, 2014 09:40

Добивај вести на Viber

Индискиот бизнисмен Субрата Рој го продаде првиот имот во обид да обезбеди пари за кауција и да излезе од затворот Тихар. Земјиштето на кое беше планирано да се изгради луксузниот комплекс „Сахара Сити“ во Ахмедабад е продадено на локалната компанија „Сафал енд Гојал“.

Земјиштето е со површина од 421.000 квадратни метри, а за него купувачот платил 4,6 милијарди рупии (околу 78,3 милиони долари).

Инвестициската шема за изградба на „Сахара Сити“ Рој започна да ја гради пред неколку години, прибирајќи пари од ситни инвеститори во замена за вили во луксузниот комплес. Но, многу од купувачите се пожалија дека Групацијата „Сахара“ уште не им ги изградила домовите, иако ја платиле целата сума за нив.

„Ние ќе изградиме куќи за оние кои вложија пари во овој проект на Сахара“, вели новиот сопственик на имотот Дхирен Вора, кој вети дека граѓаните нема да бидат измамени и покрај промената на сопственоста.

Тој додава дека парите од продажбата, според насоките од индискиот Врховен суд, биле уплатени на сметката на „Сахара“ што е под контрола на регулаторното тело СЕБИ.

Од Групацијата Сахара не сакале да ја коментираат продажбата. Оваа сума сепак е само „капка во морето“ за огромната кауција која мора да ја плати Рој за да излезе од затвор.

Можеби ќе ве интересира

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел