24 Ноември, 2024
0.0254

СУБВЕНЦИИ: Земјоделците оставени ни на небо, ни на земја!

Објавено во: Агробизнис 17 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Комисијата за спречување на корупција дала позитвно мислење за продолжување на исплатата на субвенциите за земјоделство. Од Министерството за земјоделство посочија дека исплатата најверојатно ќе продолжи деновиве.

„За директните субвенции во 2017 година Владата има обезбедено 100 милиони евра. Но, поради различното толкување на Изборниот законик, по последните парламентарни избори дојде до пречки во нивното исплаќање. По добивање позитивно мислење од Антикорупциската комисија, исплатата на субвенциите ќе продолжи деновиве, односно по завршувањето на формалностите околу стапувањето на должност на новоназначениот директор на платежната Агенцијата з финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој“, посочуваат од министерството .

Новиот директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделство и рурланиот развој Игор Златков не прецизираше кога точно ќе го потпише решението за продолжување на исплатата, односно вели дека тоа ќе го стори штом го депонира потписот во Централниот регистар.

На итна исплата на субвенциите повикаа од СДСМ. Оттаму ги отфрлија обвинувањата на министерот за земјоделство Михаил Цветков дека СДСМ е виновна за стопираната исплата на субвенциите.

„Повикуваме веднаш да бидат исплатени субвенциите за земјоделците.Промените што беа во изборниот законик се за заштита на земјоделците, да не се исплаќаат субвенциите само пред избори како што беше пракса туку во текот на цела година. На измените на Изборниот законик потпис стави и ВМРО ДПМНЕ. Никој не ги спречуваше Цветков и платежната агенција да ги исплати задоцнетите субвенции“, изјави Љупчо Николовски од СДСМ.

Од ресорното министерство возвратија дека ги почитуваат законските одредби со кои минатата година на три пати беше запрено исплаќањето на субвенциите поради претходно закажаните парламентарни избори.

„Исто така треба да се знае и дека поради штетите во земјоделството предизвикани од пролетните временски непогоди, пријавувањето на субвенциите за 2016 година беше продолжено за еден месец и траеше до 30-ти јуни, по што следеа административни и теренски контроли.

Дополнително, потсетуваме дека земјоделските субвенциите се исплаќаат за производствената година“, велат од МЗШВ.

Земјоделците најавуваат протести

Земјоделците и дадоа рок на актуелната влада –ако до петок не продолжи исплатата на субвенциите ќе излезат на протести. Од земјоделските здруженија најавија масовни протести и блокади на патишта.

„Во случај да не се исплатат годинешните субвенции пред откупот на јагнињата и недоаѓањето на странските откупувачи во земјава, ќе ги блокираме патиштата во регионот. Никој во земјава не се интересира за овој проблем и засега како да функционираме без соодветно раководство, изјави Ајрадин Бајрами, претседател ан Здружението на сточари од Кичевско.

Земјоделците се револтирани што досега не се нашла можност како да им се исплатат субвенциите кои во овој период на почеток на новата реколта им се најпотребни.

„Во најкус рок да бидат исплатени субвенциите за земјоделците бидејќи сметаме дека не постојат никакви законски проблеми. Во спротивно, Владата и државата ќе се соочат со проблеми како во соседството, односно како што протестираа грчките земјоделци. Треба да се почне сеидбата, со кои пари? , вели Ристо Велков од Сојузот на синдикати на земјоделци.

Исплатата на субвенциите е стопирана веќе шест месеци. Според податоците од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, од вкупната сума 89,7 милиони евра за Програмата за 2016 година, исплатени се околу 34 милиони евра, од кои поголемиот дел се по основ на заостанати долгови од претходната 2015 година.

Т.С

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНИЈА ИЗГУБИЛА ГОЛЕМ ДЕЛ ОД ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА ХРАНА – се сади се помалку и помалку

МАКЕДОНИЈА ИЗГУБИЛА ГОЛЕМ ДЕЛ ОД ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА ХРАНА – се сади се помалку и помалку