19 Декември, 2025
0.0649

Судеше во „Тенк“: Кацарска е предложена за уставен судија

Објавено во: Македонија 29 Септември, 2020 13:56

Добивај вести на Viber

Судијката Добрила Кацарска е предлогот на Судскиот совет за нов уставен судија. На денешната седница на советот предлогот бил едногласно усвоен по што ќе биде доставен до Собранието за избор. 

Инаку мандатот на уставниот судија е девет години, без право на реизбор.

Судскиот совет може да предложи двајца од вкупно девет судии колку што брои Уставниот суд. Судијката Кацарска е предложена на местото на досегашниот уставен судија Владимир Стојановски, чијшто мандат веќе е истечен.

 Судијката Добрила Кацарска е избрана за судија во Основниот кривичен суд во Скопје во 1986 година. 

Од попознатите предмети во јавноста, Кацарска ги судеше најобемниот предмет за настаните од 27 април и случајот „Тенк“ за начинот на набавка на блиндираниот „мерцедес“ во кој на затворски казни се осудени Никола Груевски, Гордана Јанкулоска и Ѓоко Поповски.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот