19 Декември, 2025
0.3078

СУДИЈАТА ТУФЕГЏИЌ ЗА ФАКТОР: Kомпромитиран е изборот на претседател на кривичниот суд!

Објавено во: Македонија 06 Декември, 2016 12:40

Добивај вести на Viber

Судијата Владимир Туфегџиќ ја повлекол кандидатурата за претседател на Кривичниот суд пред изборот на Татијана Михајлова за вршител на должноста претседател во Основен суд Скопје 1, Скопје.  Туфегџиќ кој беше еден од претендентите за наследник на Владимир Панчевски за Фактор вели дека на ваков чекор се одлучил од принципиелни причини . 

 „Причините за моето повлекување од кандидатура за претседател на Кривичниот суд не се само поради незаконското вонредно оценување кое е наметнато како нов услов кој не беше предвиден во распишаниот оглас, туку и поради фактот што во изминатиот период сме сведоци на целосна компромитација и дискредитација во текот на изборната постапка. Имено, изборот за претседател на Кривичниот суд е проследен со серија јавни скандали и обвинувања за злоупотреби и незаконито работење на претседателот на Кривичниот суд, поднесувањето на кривични пријави помеѓу двајцата мои противкандидати како и јавно изразеното незадоволство на група судии и други настани кои и се познати на јавноста“, објаснува за Фактор Туфегџиќ .

Судијата Туфегџиќ, пред само неколку денови поднесе иницијативата до Судскиот совет за поништување на изборот за претседател на Кривичниот суд  поради вонредното оценување на судиите со кое според него бил повреден принципот на еднаквост и рамноправност при избор на судии и претседатели на судови во однос на веќе избраните судии и претседатели на судови во текот на втората половина на 2016 година а за кои не е спроведена постапка за вонредно оценување.

„Изборот процес за претседател на Кривичниот суд е потполно дискредитиран и компромитиран  со што се доведува во прашање авторитетот и кредибилитетот на кандидатот кој наскоро ќе биде избран за претседател на Кривичниот суд“ оценува Туфегџиќ. 

Судскиот совет на вчерашната седница ја одбила неговата иницијативата за поништување на огласот за избор на претседател на Кривичниот суд со образложение дека е неоснована. Со оглед дека е поднесена и изјава за негово повлекување од трката за претседател на Кривичен суд доколку иницијативата не биде прифатена, според Туфегџиќ Судскиот совет треба деклараторно да го констатира неговото повлекување од кандидатурата за претседател на Кривичниот суд за што во текот на денот ќе поднесе и официјално барање до советот.

На прашањето на Фактор како ја оценува одлуката на Судскиот совет за В.Д. претседател да ја избере Татијана Михајлова . Туфегџиќ кратко одговори

 „Очекувам В.Д. претседателот да ги консолидира состојбите во Кривичниот суд“.

 Судскиот совет вчера ја избра Снежана Бајлозова за претседател на Врховниот совет која доаѓа на местото  на Лидија Неделкова која пред истекот на мандатот јавно проговори за  притисоците  во судството и жестоко го критикувашпе  досегашнииот претседател на Кривичниот суд  Владимир Панчевски .

Горазд ЧОМОВСКИ

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината