Судот ќе го чека Груевски до вторник?
Објавено во: Македонија 11 Ноември, 2018
Поранешниот премиер, Никола Груевски има рочиште дури во среда кога треба да се појави во суд за предметот „Титаник“.
Од Кривичниот суд велат дека утре ќе ги направат последните напори да го пронајдат Груевски, но доколку судот утврди дека Груевски избегнува да го прими решението, ќе побара присилно приведување од МВР или распишување на потерница.
„Ако судот одлучи дека Груевски ја избегнува одлуката, веќе во вторник следните чекори се присилно да биде спроведен во придружба со полицијата или издавање на налог за апсење, што е во согласност со судската пракса“, велат од судот.
Груевски за набавката на луксузниот мерцедес во МВР доби двегодишна затворска казна за кривично дело примање награда за противзаконито влијание во предметот „Тенк“ на СЈО. Собраниската комисија предложи да му се одземе мандатот, но за тој предлог не гласаа 80 колеги, а Груевски остана пратеник.Груевски во затвор требаше да се појави во петокот, но во неколку наврати судскиот доставувач не успеа да го пронајде.