Сугарески: Црквата законски ќе си ги добие становите
Објавено во: Македонија 26 Ноември, 2018 14:35
Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески вели дека е во согласност со Законот за градежно земјиште продажбата на парцелата за објектот што се најавува дека ќе се гради кај паркингот спроти хотелот Холидеј ин во центарот на Скопје и постигнатата продажната цена за земјиштето од 300 евра за метар квадратен.
– Се е во согласност со Законот за градежно земјиште, тоа може секој да го провери и ги повикувам сите институции и заинтересирани да го сторат тоа. Согласно Законот за градежно земјиште секој кој има повеќе од 30 проценти од парцелата му се дава можност да го откупи градежното земјиште. Така е постапено и во овој случај, а има позитивно мислење и од Државното правобранителство, изјави министерот Сугарески, одговарајќи на новинарски прашања по состанокот со Здружението за градежништво при Стопанската комора на Македонија.
За натамошните работи во делот на градбата Сугарески упати на одговори од општина Центар согласно плановите кои ќе се изработуваат, а кои потоа се испраќаат за соглансот од Министерството за транспорт по што ги усвојува општинскиот Совет.
Како што информираа претходно од ресорното Министерството, купувач на парцелата е ДТПУ М.Г. Фешн ДОО увоз-извоз Скопје и ТДГ ОБНОВИТЕЛИ ДОО Скопје. Договорот е склучен на 25. минатиот месец со непосредна спогодба согласно член 68 од Законот за градежно земјиште.
Цената на градежното земјиште се пресметува согласно Уредбата за висината на цената на градежното земјиште сопственост на Република Македонија и висината на посебните трошоци за спроведување на постапките за отуѓување и давање под закуп како и за засновање на право на стварна службеност која ја донесува Владата на Република Македонија. Конкретната градежна парцела, како што наведоа од ресорното Министерство, е отуѓена по цена од 19.200 денари за метар квадратен, за што е уплатена вкупна сума за градежното земјиште во сопственост на државата во износ од 173.721.600 денари во Буџетот на Република Македонија.
Договорот е склучен на 25 октомври годинава и со тоа е направена и продажбата. Тој се склучува помеѓу барателите и Министерството за транспорт и врски, по претходно прибавено мислење од Државното правобранителство на РМ.
Вкупната површина на градежната парцела изнесува 13.653 метри квадратни, од која приватна сопственост е 4.605 метри квадратни, а сопственост на државата изнесува 9.048 метри квадратни.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




