19 Декември, 2025
0.0640

СУПЕР ВЕСТ: Комисијата за заразни болести даде препорака за отворање на градинките

Објавено во: Македонија 31 Јули, 2020 12:36

Добивај вести на Viber

На денешниот состанок, Комисијата за заразни болести даде препрака да почнат да работат градинките во земјава. За Фктор откриваат дека дозволата се однесува и за државните и за приватните установи кои згружуваат деца од претшколска возраст.

-Сметаме дека градинките ги исполнуваат условите во кои ќе бидат згрижувани децата. Само 4 до 5 вакви установи во целата земја не ги исполнуваат бараните критериуми, но не може за сметка на само неколку да ги држиме сите градинки затворени. Време е и најмалите да се вратат во установите, а и родителите да почнат редовно на работа. Основно е да се прави поголема контрола, децата да бидат на некој начин редуцирани во групите, во однос на ова, приватните градинки практично целосно ги исполнуваат критериумите, вели д-р. Александар Стојанов, член на Комисијата за заразни болести и директор на Центарот за јавно здравје.

Истовремено, за Асоцијацијата на приватните градинки „ Полет“, ова е супер вест и велат дека со нетрпение ќе ја чекаат и одлуката на Владата да ја прифати препорката на Комисијата за заразни болести за отворање на вратите за најмалите.

-Ова е навистина супер вест. За ова се боревме сите овие месеци, но за жал епидемиолошката состојба не дозволуваше да работиме. Целосно се сложуваме со препораката на Комисијата дека треба да работат оние градинки кои ги исполнуваат условите за реализирање на протоколите и мерките за заштита од вирусот. Ние како Асоцијација на приватни градинки целосно ќе се придржуваме до нив за да биде безбедно по здравјето и на децата и на вработените. Се уште сме подготвени да се формира и комисија која би ги менувала протоколите во зависност од епидемиолошката состојба, бидејќи едни се протоколите за летен период, а други за есенски и зимски период, вели претседателот на „Полет“, Андреј Поповски.

А.Б.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот