СВАДБА СО 120 ГОСТИ ОТКРИЕНА ВО КАФЕАНА ВО ДОБРИДОЛ: Еве што презеле МВР и Пазарна инспекција
Објавено во: Македонија 02 Ноември, 2020
Свадбите одамна се забранети, но некои граѓани како да не можат да разберат дека во земјава не е дозволено групирање на поголем број лица, поради превенција од ширење на коронавирусот.
Свадба со дури 120 гости вчера била организирана во угостителски објект во селото Добридол гостиварско.
Овој настан бил откриен од МВР и Пазарната инспекција.
„На 01.11.2020 во 18.50 часот во Полициското одделение Галате било пријавено дека во угостителски објект во с.Добридол, гостиварско, сопственост на М.И.(33) од ова село, била организирана свадбена веселба од М.И.(55) од с.Врапчиште, гостиварско, на која присуствувале околу 120 гости. Полициски службеници во содејство со Државен пазарен инспекторат излегле на местото на настанот и објектот бил затворен, а ќе следат и соодветни поднесоци“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.