СВЕТИ НИКОЛЕ: Ќе има мобилен пункт за тестирање, а чекаат и санитетско возило
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 27 Јули, 2020
Свети Николе добива мобилен пункт за тестирање за Ковид-19.
Градоначалникот Сашо Велковски вели дека денеска ја добиле одлуката на Владата.
„Како Општински кризен штаб чекаме детали за пунктот за тестирање и колку пати во неделата ќе доаѓаат епидемиолози од Центарот за јавно здравје-Велес. Веднаш штом ќе добијам информација ќе ги информираме граѓаните на Општина Свети Николе“, вели Велковски.
Тие чекаат одговор за нивото барање за санитетско возило за транспорт на болните од Ковид-19 до болниците во Штип и Велес.
Во градот има 188 активни случаи.
Министерството за здравство објави дека во последните 24 часа од 1.025 тестирања, се регистрирани 128 нови случаи на ковид-19.По градови, Скопје има 52, Куманово 6, Штип 29, Прилеп 2, Тетово 6, Битола 2, Кавадарци 10, Гостивар 13, Кочани 1, Пробиштип 1, Македонски Брод 3, Виница 2, Свети Николе 1 заразен.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.