Светиниколчанка раскажа како по 25 дена во болница го победила коронавирусот
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 19 Август, 2020
Рубина Митева од Свети Николе, која има 37 години, раскажа како се изборила со коронавирусот.
Таа по 25 дена, ја доби битката. Нејзината приказна на Фејсбук ја објави министерот за здравство, Венко Филипче.
„Пациентите да веруваат во стручноста на лекарите и да ги слушаат препораките на медицинскиот персонал. Задоволна сум од грижата и вниманието од сите вработени во велешката болница. 25 дена бев хоспитализирана со покачена температура, потешкотии во дишењето и кашлица. Среќна сум дека сум жива и здрава. И среќна сум бидејќи повторно сум со моето семејство. На никого не му посакувам да почувствува што значи страв, грижи и несоница како за своето здравје, така и со мислите за своите најблиски“, вели Митева.
Оваа жена испраќа апел до сите граѓани да носат заштитна маска.
Во Свети Николе вирусот беше потврден кај 264 луѓе, а активни се 55.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.