Светиот синод на Бугарската православна црква ја призна православната црква во Maкедонија, но не и името
Објавено во: Македонија 21 Јуни, 2022 19:23
Бугарската ја призна македонската црква, но не и името.
Светиот синод на Бугарската православна црква ја призна православната црква во Maкедонија, но ја одложи одлуката за името.
„Денеска на својата целосна седница Светиот синод ги разгледа писмата од вселенскиот патријарх Вартоломеји српскиот патријарх Порфириј во врска со канонскиот статус на Православната црква на Северна Македонија и по гласањето одлучи: Бугарска православна црква – Бугарска патријаршија со духовна радост го поздравува одлуките за укинување на расколот и влегување во канонско и евхаристиско единство со Православната црква на Северна Македонија“, стои во соопштението.
Но, „прашањето за името на Православната црква на Северна Македонија допрва ќе се разгледува“.
Претходно, на 9 мај Вселенската патријаршија ја призна Охридската архиепископија за канонска.
На 24 мај, српскиот патријарх Порфириј на литургијата во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје објави дека Саборот на СПЦ ја прифаќа и признава автокефалноста на МПЦ-ОА. Со тоа спорот за цркавата со Србија е затворен. Оваа одлука исто така беше историска.
Можеби ќе ве интересира
„БОЛКАТА ВО ВРАТОТ СТАНУВА СЕКОЈДНЕВИЕ – СÈ ПОЧЕСТО КАЈ МЛАДИ ЛУЃЕ ОТКРИВАМЕ ЦЕРВИКАЛНА ДИСКУС ХЕРНИЈА“
Битолчанец со секира во казино барал да му ги вратат парите што ги изгубил на коцка
„Дали е точно дека група обвинители на чело со Коцевски заташкуваат над 40 предмети за функционери од СДС и ДУИ?“: ВМРО-ДПМНЕ по оставката
ЖЕНАТА ДОНЕЛА ПИШТОЛ, МАЖОТ ПУКАЛ: Две лица осомничени за убиство во гостиварско
Муцунски од Брисел: Сите ние од Западниот Балкан треба да бидеме заедно во ЕУ
Македонија со 2 автобуса на 1 000 жители над европскиот просек од 1,6
Има ли некој што не јаде ајвар? Еве што открива статистиката за потрошувачката во домаќинствата...
„ОВИЕ УШТЕ НЕ СЕ ПОГЛЕДНАЛЕ ВО ОГЛЕДАЛО И НИШТО НЕ НАУЧИЛЕ ОД СВОЈОТ ПАД“: Ванковска за СДСМ и изјавите за мигрантите
Според Туфегџиќ, Коцевски си заминал тивко, празно и без суштина, исто како и начинот на кој што дошол




