19 Декември, 2025
0.0666

СВЕТОМИР ШКАРИЌ ЗА ФАКТОР24: Коалициска влада со надпартиски премиер

Објавено во: Македонија 15 Декември, 2016 10:05

Добивај вести на Viber

Професорот по уставно право предлага влада со независна и надпартиска личност, со високи лични и морални квалитети, кој ќе може трпеливо и со многу компромис да ги усогласува партиските ставови на коалициските поддржувачи.  Според Шкариќ, во ова политичко невреме - Немаме потенцијали и амбиент за уставни реформи. Кога ќе порасне свеста за враќање на владеењето на правото и законите, тогаш би се реформирал овој Устав, што пред 25 години е донесен на брзина и на диво.

Изборните резултати ја потврдија имагинацијата на луѓето кои повеќе не трпат ”митови, а најмалку лидери кои сакаат вечно да владеат“. Тесната разлика во македонскиот блок и разбивањето на монополот на ДУИ во албанскиот електорат е добар сигнал дека во центарот на политичките и партиските интереси ќе се вратат приоритетите на граѓаните, како и компромисот како и модел на владеење. Овие оценки професор Шакриќ ги изнесе во интервју за емисијата ФАКТОР24 проект на веб порталот Фактор што се емитува на ТВ 24 Вести.

Штом во една држава и во општеството доаѓа до промена во односот на силите тоа е добар знак дека ниту една наредна власт во иднина не ќе може долго да се одржува, долго да владее и долго да манипулира. Овие избори и резултати ја покажаа силата на граѓаните. Од овој момент повеќе никој нема монопол врз народот, да се повикува на него и да го злоупотребува во тесно-партиски и лични интереси. По 2оо6 година настана прекин на демократскиот развој на Македонија. До тогаш иако не беше сјајно, барем бевме на патот да бидеме демократска држава, дури и пред Хрватска. Овие избори се надеж дека во Македонија има сили кои сакаат да ги прекинат антидемократските процеси, кои ги казнија патриотите што на власта гледаат и ја практикуваат не за општо добро, туку во корист на теснопартиските и лични интереси. По овие избори Македонија влегува во фаза на самообединување, повеќе ќе се гради како граѓанска, помалку како национална држава.  Се покажува дека етносот, користен во кампањата во албанскиот и македонскиот блок не е доволен фундамент, дури беше и ретроградрен процес во демократизацијата на Македонија.

Според професорот Шкариќ претстојат и петти вонредни парламентрани избори а резултатите ќе ги принудат партиите да одат на создавање  поширока владина коалиција, иако честите предвремени избори ги деградираа македонската плуралистичка и демократска пракса. Во интервју за Фактор24 на ТВ 24 вести, професор Шкариќ зборува и за стравот или идеите за федерализација на Македонија.

Кога ќе нарасне свеста за владеење на правото и на законите тогаш би се реформирал и овој Устав. Федерализацијата и унитарноста се поими и процеси за кои македонските политичари многу малку знаат. Во Европа има нови тенденции на федрализација што ја зафатија и Велика Британија по дисолуцијата на Шкотска. На глобален план светот се федерализира, а на локален се унитаризира. Таа врска помеѓу овие форми на државно уредување е многу деликатна и чувствителна и заслужува темелна и стручна дебата.  Таа неможе да биде поттик за изборно-пропагандни цели, што се покажа и погрешно од авторите во Македонија.

Според Професорот по Уставно право СЈО мора да остане и засега е единствена независна иинституција.

Какво е неговото значење се потврдува и со последниот извештај на Брисел за Македонија  каде пишува дека државата може да се врати на европскиот пат само ако СЈО ги добие сите потребни овластувања и нормално да ги извршува задачите во битката со криминалот и правната сигурност на граѓаните. СЈО ќе се одржи и на подолг рок, оцени Шкариќ во синоќешното интервју за телевизискиот магазин Фактор 24, што го води и уредува Горазд Чомовски.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината