19 Декември, 2025
0.0709

Светска банка: Малолетниците во Македонија учат 11,2 години, ама знаат како да учеле само 6,8 години

Објавено во: Македонија 12 Октомври, 2018 06:30

Добивај вести на Viber


Податоците за Индексот на човечкиот капитал (ИЧК) кои го објави Светска банка покажуваат дека дете родено во Македонија денес ќе достигне 53 проценти од својот потенцијален човечки капитал кога ќе порасне, во споредба со она што би можело да го достигне доколку има квалитетно образование и биде потполно здраво. Во Македонија, ИЧК кај девојчињата е повисок отколку кај момчињата, односно изнесува 0,55 во споредба со 0,52 на скала од 0 до 1.

Индексот на човечкиот капитал на Македонија е понизок отколку просекот на регионот и група на приходи. Децата во Македонија, додека наполнат 18 години се очекува да завршат 11,2 години од предучилишно, основно и средно образование. Меѓутоа, кога годините на школување ќе се прилагодат според квалитетот на наученото, тоа е еквивалентно на само 6,8 години што значи дека има јаз во учењето од 4,4 години. Всушност, ИЧК укажува дека дете родено денес во Македонија кога ќе порасне ќе биде продуктивно 53 проценти од она што би можело да биде ако имало целосно образование и било целосно здраво. Во врска со резултатите во здравството, извештајот покажува дека 99 од 100 деца родени во Македонија доживуваат до 5 годишна возраст.

„Вредноста на индексот, особено вредноста на образовните показатели укажуваат на итно преземање мерки.  Се чини дека досегашните реформи не го трансформирале образовниот систем доволно за да им помогне на мнозинството ученици да ги достигнат барем основните знаења,“ вели Марко Мантованели, директор на канцеларијата на Светска банка во Македонија. „Темелна анализа на податоците од Програмата на ОЕЦД за меѓународно оценување на учениците (ПИСА) е првиот чекор во ангажирањево  сериозна дискусија за можните активности на јавните политики и реформи кои се навистина насочени кон подобрувањето на образовните исходи во Македонија. Важно е земјата и понатаму да учествува во меѓународните оценувања од голем обем за следење на квалитетот на образовниот систем“.

Во моментов, Светска банка ги поддржува напорите на Македонија за зајакнување на техничкото средно стручно образование и обука и високото образование преку Проектот за развој на вештините и поддршка на иновациите (со кредит во износ од 24 милиони долари). 


Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината