05 Декември, 2025
0.3495

Светска Банка ни позајми 50 милиони долари за зајакнување на конкурентноста

Објавено во: Економија 30 Ноември, 2012 11:42

Добивај вести на Viber

Одобрени  50 милиони долари за Македонија од Светска банка од  Првиот програмски заем за конкурентни развојни политики. Ова е првиот од двата кредити за кои треба да ги поддржат реформите за зајакнување на конкуретноста на македонската економија.

Како што соопштија од Канцеларијата на Светска банка во Македонија, проектот ја поддржува програмата на Владата, насочена кон зајакнување на конкурентноста на стопанството преку мотивирање на продуктивните инвестиции и технолошка надградба на производството, агробизнисот и секторот за трговска логистика, како и креирање на услови за прогресивно зголемување на флексибилноста на пазарот на труд и развојот на вештини.

„Поддржаните активности имаат за цел развој на производството со висока вредност, олеснување на реструктурирањето на агробизнисот и подобра ефикасност на трговско-логистичките услуги. Тоа ќе биде постигнато преку приоритетни активности кои ги поттикнуваат инвестициите и технолошката надградба, како и отстранување на пречките кои ги попречуваат влезот и развојот на компаниите во главните извозно ориентирани сектори во економијата. Заемот, исто така, ќе поддржи активности кои овозможуваат подобри услови за поттикнување на флексибилноста на пазарот на труд и развојот на релевантни работни вештини. Во комбинација со подобрувањата кои Македонија ги оствари генерално во деловното опкружување, оваа реформска програма има потенцијал да го зголеми економскиот раст на среден рок“, истакна Џон Габриел Годар“, лидер на тимот на Светска Банка.

Проектот, исто така, работи на подобрување на ефективноста на јавните програми кои го поддржуваат развојот на приватниот сектор и со тоа, ја зголемува ефикасноста на јавната потрошувачка додека со подобрување на институционалната основа и буџетот за овие поддржани програми, се очекува заемот да ја зголеми ефикасноста на јавната потрошувачка и да ја зајакне одговорноста.

Меѓународната економска криза во 2009 година и тековната должничка криза во еврозоната ја забави зголемената економска активност во Македонија. За време на целиот тој период, земјата успеа да одржи стабилна макроекономска состојба и имплементираше реформска програма со која постигна фискална консолидација и подобрувања во пазарот на труд. Досегашните реформи, исто така, доведоа до значителни подобрувања во деловното опкружување, што ја донесе земјата до 23-то место во Извештајот на Доинг Бусинесс 2013. Но, лошата економска состојба во ерозоната влијаеше негативно врз економската активност и буџетските приходи. Покрај скорешните достигнувања во политиките, економскиот раст не беше доволен за да ја намали долгорочната невработеност и сиромаштија. Предизвикот со кој се соочува Македонија е да ја пренесе својата економија во линија на повисок раст, преку развивање на поконкуретен и претприемнички сектор ориентиран кон извоз, се наведува во соопштението од Светска Банка.

 

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје