23 Април, 2024
0.0377

Светска Банка: Со нашата поддршка, Македонија стана економски лидер во регионот

Објавено во: Економија 06 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Македонија има контролиран буџетски долг и добро се справува со предизвиците на кризата, а Светска банка и понатаму ќе ја поддржува и ќе биде нејзин партнер, се вели во соопштението кое денеска беше објавено од Светка Банка, а кое инаку следи по вчерашното писмо испратено до Јим Јонг Ким, во кое опозицијата ја обвинува Владата за неразумни задолжувања, поради што може да не доведе во иста ситуација како соседна Грција. Во соопштението се истакнува дека од 1993 година, Светска Банка, со сите македонски влади, работи на подобрување на животот на луѓето преку активна поддршка на реформите за конкурентност на земјата и на другите реформски напори. Како голем дел од оваа поддршка се наведуваат и 14-те заеми за буџетска поддршка во периодот 1995 – 2012 година што спред светска банка и помогнаа на земјата да напредува во својата развојна агенда, дури и во време на криза. „Активната поддршка на Светска банка на реформската агенда на Македонија во последните години придонесе за постигнување важен напредок што се отслика во водечката позиција на земјата во рангирањето на Дуинг бизнис (23-та во светот), нејзините солидни макроекономски постигнувања и проактивните политики кои ѝ овозможија да привлече производни странски инвестиции дури и во тешки кризни времиња. На Република Македонија треба да и се оддаде признание и за нејзината неодамнешна проактивност во зајакнувањето на управувањето со јавните финансии, вклучувајќи и го и расчистувањето на долговите на јавниот сектор, проблем што се појави во повеќето земји во регионот како резултат на тешките фискални притисоци од кризата во Европа. Република Македонија го разрешува овој проблем и воспоставува механизми за да спречи појава на долгови во иднина – се вели понатаму во соопштението, кое е објавено по „вчерашните известувања во медиумите за буџетската поддршка на Република Македонија од Светска Банка“, стои во соопштението објавено денеска. Во овој период, многу земји во еврозоната се соочуваат со тешки фискални притисоци, и Македонија не е исклучок. Земјата има добра и долга историја на фискалниот менаџмент и Владата покажа фискална мудрост држејќи го буџетскиот дефицит во изминатите неколку години на строго дефинирано ниво од 2,5% од БДП. Тоа е забележително постигнување имајќи предвид дека Владата одговори со мерки за минимизирање на падот во 2008 и 2009 година со фискална стимулација и прераспоредување на трошењата кон капитални расходи со кои се поддржува растот“, велат од канцеларијата на Светска банка. Според нив, буџетски дефицит од 3,5% од БДП е прифатлив за Македонија, особено бидејќи земјата во претходните години добро управувала со своите јавни финансии.Јавниот долг на Република Македонија изнесува 30,4% од БДП, а вкупниот надворешен долг (јавен и приватен) е 63% од БДП што е во прифатливи рамки. Во споредба со другите земји од Западен Балкан, Република Македонија е најмалку задолжена земја, со исклучок на Косово. Сепак, тие посочуваат и дека покрај релативно цврстите темели, условите за финансирање за Македонија (и за другите земји во регионот) остануваат затегнати и неодамна се влошија. Трошоците за задолжување значително се зголемија во последните месеци. Постојната поддршка на Светска Банка за Македонија е критична за пристап до финансирање со разумни трошоци, што и дава значителна предност во однос на директното задолжување на пазарите на капитал, а со тоа и помага да се олесни притисокот на долгот, стои во дописот. Како што вчера објави Фактор,  најголемата опозициска партија СДСМ, во писмо упатено до Светска банка, ја извести оваа институција дека  жестоко се спротивставуваат на начинот на кој се однесува сегашната Влада во однос на брзината на задолжување, употребата на позајмените средства, севкупната неодржливост и недостатокот од транспарентност.

Можеби ќе ве интересира

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска