Светска банка за годинава и прогнозира на Македонија раст од 2,8 проценти
Објавено во: Економија 05 Јуни, 2017
Светка банка за годинава на Македониа и предвидува раст од 2,8 проценти, следната 3,3 и во 2019 година 3,8 проценти.
За разлика од нашата земја, најголем процент на економски раст се предвдува за Косово со 3,9 проценти.
На Албанија и се прогнозира дека ќе има економски раст од 3,5 проценти, БиХ 3,2 проценти, Црна Гора 3,3 проценти, Србија 3 проценти и Хрватска 2,9 отсто.
Економијата во 2018 година во регионот треба да има раст од 4,2 отсто во Косово, 3,7 во БиХ, 3,5 проценти во Албанија и Србија, Црна Гора 3 процентии 2,5 во Хрватска.
Во 2019 година се предвидува раст на косовската економија од 4,4 проценти, во БиХ економијата треба да има раст од 4 проценти, Албанија од 3,8 проценти, Србија 3,5 проценти, Хрватска 2,6 проценти и Црна Гора 2 отсто.