17 Декември, 2025
0.0627

Светската банка проценува намален раст на глобалната економија

Објавено во: Економија 13 Јуни, 2013 10:58

Добивај вести на Viber

Светската банка во својот полугодишен извештај „Глобалните економски изгледи“ проценува дека светската економија годинава ќе порасне за 2,2 отсто, помалку во однос на минатогодишните 2,3 проценти и помалку од 2,4 отсто колку што се проценуваше во претходниот извештај објавен во јануари 2013 година. Забавувањето на растот на светската економија е последица, покрај другото, и на продлабочување на рецесијата во еврозоната. Во прогнозите од јануари Светската банка проценуваше дека економијата во еврозоната оваа година ќе падне за 0,11 проценти, додека сега очекува пад од 0,6 отсто. Банката предупредува и дека растот на големите економии во развој, кои го поттикнуваат растот на глобалната економија последните години нема да биде толку силен како пред светската финансиска криза, па овие земји ќе се концентрираат на структурните реформи за да го одржат високите стапки на раст. Во новите процени се очекува раст на економиите во развој за 5,1 отсто, додека во јануари беше прогнозиран раст од 5,5 отсто. Во меѓувреме, растот на кинеската економија, втората по големина во светот, значително е забавен, па годинава би можел да изнесува 7,7 проценти, додека во јануари Светската банка очекуваше раст од 8,4 отсто. Исто така се очекува дека Индија оваа година ќе забележи раст од 5,7 отсто, а не 6,1 проценти колку што се очекуваше во јануари, додека растот на бразилската економија би можел да забави од првично проценетите 3,4 отсто на 2,9 отсто. Растот на Русија може да забави од ланските 3,4 отсто на 2,3 отсто, проценува Светската банка. Меѓу ретките развиени земји за коишто Светската банка го зголеми процените за раст се најдоа САД и Јапонија, благодарејќи на извонредно лабавата монетарна политика на тамошните централни банки, кои буквално печатат свежи пари, таканаречени евтини пари за да го поттикнат раст на економијата. Светската банка проценува дека годинава американската економија, ќе порасне за 2 проценти, додека во јануари очекуваше раст од 1,9 отсто. Бруто домашниот производ (БДП) на Јапонија, пак, ќе порасне за 1,4 отсто, додека во јануарските прогнози Банката очекуваше раст од 0,8 проценти. Претставувајќи го извештајот „Глобалните економски изгледи", главниот автор на извештајот, Енрдју Барнс, вели дека глобалната економија во иднина би требало да биде помалку нестабилна, но дека растот би можел да биде бавен.      

Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје