Светската економија во 2013 година: Стагнација или во минус!?!
Објавено во: Свет 04 Јануари, 2013
Еврозоната е во рецесија, а американското стопанство ќе има многу скромен раст од 1,5 до 2 отсто, проценуваат економските експерти кои посочуваат дека експанзивната кинеска економија, чиј раст од почетокот на минатата деценија главно беше двоцифрен, во 2012 година имаше пад.
Состојбата во светското стопанство, посебно во европското, во текот на 2012 година меѓународните аналитичари главно ја оценија како загрижувачка и потенцираа дека глобалната економија во текот на следните 12 месеци ја очекуваат уште поголеми проблеми.Тие се согласуваат дека стопанската активност во повеќе европски земји ќе стагнира, или ќе се движи во негативна територија. Тоа значи дека рецесивниот бран, кој во изминатите две тромесечја веќе ја погоди еврозоната ќе потрае и во 2013 година.
Грчката должничка криза останува камен околу вратот не само на 17 членки на еврозоната, туку и на целото европско стопанство. Од почетокот на годината САД ја повикуваше Европа во повеќе наврати, што побрзо да ја реши должничката криза, со предупредување дека нејзиното продолжено траење цела глобална економија ќе ја внесе во стагнација и рецесија.Инаку, ЕЦБ во почетокот на овој месец соопшти дека еврозоната, која опфаќа членки на ЕУ со заедничка валута еврото, во второто и третото тромесечје била во рецесија и дека може да излезе од лошата состојба во најдобар случај дури кон крајот на идната или во текот на 2014 година. Еврозоната по втор пат по избивањето на глобалната финансиска криза е во рецесивна состојба, која посебноги погодува Грција, Португалија, Шпанија и Италија.
Судејќи според се, американското стопанство оваа година ќе има многу скромен раст од 1,5 до 2 отсто, а такво или уште полошо сценарио се очекува и во следните 12 месеци. Дури и многу експанзивната кинеска економија, чиј раст од почетокот на деценијата главно беше двоцифрен, оваа година падна па во најмногубројната земја на светот во 2013 се очекува скромен стопански раст од 7,5 до 8,5 отсто. Останатите земји од групацијата БРИКС (Бразил, Русија, Индија и Јужна Африка) имаа многу поскромен стопански раст од Кина, па постои загриженост од иден пад во тие земји кои во кризниот период одржуваше еден вид позитивна клима во глобалната економија. Инаку, ММФ во најновата прогноза ја намали сопствената проценка за глобалниот стопански раст за идната година на 3,6 отсто, од претходните 3,9 проценти. Но, американските економисти вклучувајќи го и Нуриел Рубини, не исклучуваат ново ревидирање на тој раст во негатива поради постојаното вложување на состојбата во светската економија.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.