05 Декември, 2025
0.0634

Светската финансиска криза за три до четири децении ќе создаде нови економски сили

Објавено во: Финансии 26 Април, 2013 08:39

Добивај вести на Viber

Предвидувањата се дека во следните 40 години ќе се случат големи поместувања на националните  економии во светот. Кина се очекува да биде претекната од стапките на пораст на економиите на Индија и Индонезија како и од некои Африкански земји. Тектонски пореметувања се очекуваат во економиите на глобално ниво. Светската финасиска криза која тргна од САД, а потоа се префрли и на европско тло во следните три до четири децении ќе предизвика сериозни промени и ќе создаде нови економски сили. Сметките за неразумните задолжувања на економските цинови ќе почне да се испорачуваат. 21 век ќе биде во знакот на Азија и Африка, каде е Македонија? Ако 19-иот век ,,беше,, на Европа, 20-иот на САД, големи се шансите 21-виот  да биде на Азија и Африка, е ставот на академик Абдулменаф Беџети според кого другите држави како Мексико, Турција, Чиле и Источно-Европските земји, на ,,долги стази,, само маргинално ќе успеваат да ја подобруваат својата позиција во однос на развиените земји. Според овие трендови, најмалку тројна повисока стапка на раст, во однос на развиените земји, треба да оствари Македонија за да се доближи до средината на овој век. Задолжувањата клучен проблем За да се стабилизираат големите дефицити и високите јавни долгови на најразвиените држави (во 2014 год.нивните вкупни јавни долгови се очекува да стигнат на максимално ниво и тоа: Јапонија 234% од БДП, Италија 130%, САД 110%, В.Британија 85%  просек на Г-20 земјите над 105%) ќе се инсистира на стапка на пораст на економиите од 4 - 7% и тоа во прилично подолг период,  дури до 2030 година. Исто така и другите земји членки на ОЕЦД (помалку развиени од првите), како Полска, Словачка, Словенија ќе се обидат да достигнат стапка на раст над 4% во наредните 20 години за да одговараат на се повеќе растечките јавни расходи со што би се неутрализирала растечката потреба за финансирање на пензиските и здравствените фондови“, тврди академик  Беџети. Следната табела ја покажува состојбата со јавниот долг на земјите од Централа и Југоисточна Европа. Карактеристично е да се истакне дека кај Македонија е забележан тренд на пораст на задолжувањата, наспроти останатите земји. Во Македонија загрижува невидливиот долг Не е проблем моменталната состојба со јавниот долг и буџетскиот дефицит, загрижува темпото на задолжување и продлабочувањето на минусот на тековната сметка, потенцира академик Абдулменаф Беџети и заклучува дека на Македонија, по постигнување на горните маргини на јавниот долг (заклучно со февруари 2013 година тој изнесува 33,3% но без потенциалниот ,,латентен или невидлив јавен долг“), недвосмислено и треба строго регулирана фискална политика, која ќе биде базирана на основа на перформансите на економијата и економскиот развој. Фискалните политики конзистентно да ги следаат економските наместо политичките циклуси. Одкако ќе се постигне прагот на оптималниот пораст на економијата од4,5% до 5,5%, тогаш електоратот ќе ги препознае и политичките резултати. Да се консолидираат билансите на ниво на сите ,,фисклани садови,, на централна и локална власт-вклучувајќи ги и сите јавни фондови, бироа и агенции. Постепено редуцирање на буџетскиот и вонбуџетските дефицити за да постепено се стабилизира и редуцира јавниот долг. Транспарентно отварање на процесот-од ново задолжување преку јавните расходи како и поврат на системот на среднорочна буџетска рамка, потенцира Беџети, додавајќи дека токму сега било време за воведување на строги фискални правила во земјава, додека не е доцна. И.М

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ПРЕД УСТАВЕН ГО ИЗРАЗИЈА РЕВОЛТОТ: „Се бориме за корка леб и лекови“

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ПРЕД УСТАВЕН ГО ИЗРАЗИЈА РЕВОЛТОТ: „Се бориме за корка леб и лекови“