19 Декември, 2025
0.1219

Светската маркетинг елита доаѓа на Бизнис Кафе Македонија

Објавено во: Мои пари 27 Септември, 2016 09:13

Добивај вести на Viber

Овој четврток со почеток од 18:00 часот во Нола Ланџ-Бар (нас. Капиштец) во Скопје, ќе се одржи новото, 19-то по ред, издание на водечкиот бизнис-нетворкинг настан Бизнис Кафе Македонија.

Посетителите ќе имаат можност и привилегија да се дружат со некои од најистакнатите светски маркетинг и бизнис професионалци, кои во соработка со агенцијата P World, доаѓаат и како гости на Бизнис Кафе Македонија.

Говорници на настанот ќе бидат:

 Г-дин Патрик Џефсон, основач на консултанската компанија за комуникации, репутација и протокол Jephson-Beaman LLC од Вашингтон со клиенти како Ferrari, Harrods, Министерството за одбрана на Велика Британија и др. Џефсон осум години ја извршувал и функцијата на Генерален секретар на принцезата Дијана ;

Г-ѓа Мери Џо Џејкоби, поранешен претседателски советник и глобален експерт за репутација со работно искуство во водење на компании како: BP America, Royal Dutch Shell, Lethman Brothers, HSBC и др. ;

Посетителите ќе имаат можност да се дружат и да го слушнат и Г-дин Лазар Џамиќ, доскорашен директор на брендот за планирање на маркетинг агенцијата на Google , Google ZOO, еден од најбараните светски говорници-експерти за дигитални комуникации; како и

Г-дин Коста Петров, автор на повеќе најпродавани книги во Македонија и основачи директор на агенцијата P World, светски лидер во организирање на ексклузивни бизнис настани.

Главни покровители на 19-тото Бизнис Кафе Македонија се: КД Фондови, Property Alliance - City Investment Group  и Програмата за зголемување на пазарната вработливост (IME) на Швајцарската агенција за развој и соработка(SDC), имплементирана од Swisscontact и PREDA Plus.

Карти за настанот по цена од 300 денари може да се купат во целата мрежа на “Купи Карти За Се“,  online на следниов ЛИНК, или на фактура со претходна резервација на следнава e-mail адреса: mkbizniskafe@gmail.com .


Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии